Откријте го Мариово

Од балкан слева
Ѓорѓи Сугаре,
нарамо носи
сивана гуна,

под гуна носи
куса берданка,
на половина
ситни вишеци;
од лева страна
острана сабја;
по него води
двесте четници,
пред него тера
стотина Турци,
стотина Турци,
а сите аги,
сите пискулии;
анки му одбули,
кули му изгоре.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: комитска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu