Откријте го Мариово

Од как се село засели,
никак Турци и не дошле;
ваја вечер наминаја
кај двоица кај троица,

кај Радини девет мина,
девет мина, девет коњи.
Сите Турци вечераа,
едно Турче не вечера,
угу пуле горе долу,
де во Рада, де во коња.
Еднаш Турче изговори:
– Ој ти Радо, бела Радо,
спреми коња да бегаме,
да бегаме наше село,
наше село е Баница,
од три страни сонце грее,
од две страни ветар вее,
од четири роса роси!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu