Откријте го Мариово

Земи ме, моме,

Госпо да те земи,

јас су си, моме,

ногу чорбаџија:

Од лешник амбар

полен е со жито,

и јас си јада

и на село давам,

пак се надевам

свадба да права.

 

Земи ме, моме,

матна да те земи.

Ја су си, моме,

ногу чорбаџија:

Од жаба нога

сува пастрма

и јас си јада

и на село давам,

пак се надевам

свадба да права.

 

Земи ме, моме,

госпо да те земи,

јас имам, моме,

голема сермија:

Три овци с’ имам

Двете се туѓи

еднат не е моја,

и јас си јада

и на село давам,

пак се надевам

свадба да права.

 

Земи ме, моме,

матна да те меми,

јас су си, моме.

ногу чорбаџија:

Од гуска шијка

полна с ракијка,

и јас си пија

и на село давам,

пак се надевам

свадба да права,

 

Земи ме моме,

госпо да те земи,

јас имам, моме,

куќа, покуќнина,

куќа, покуќнина

секаква посатка,

во кќа, моме,

со прат да заманиш,

пак се надевам

свадба да права.

 

Земи ме, моме,

госпо да те земи,

јас имам, моме,

голема сермија:

Пченично брашно

шљупка орејова,

и јас си јада

и на село давам,

пак се надевам

свадба да права.

 

Земи ме, моме,

матна да те земи,

ние сне си, моме,

деветмина браќа,

деветмина браќа

едно рало гаќи,

еднио собуј

другио обуј,

пак се надевам

свадба да права.

 

с.Пештани

Преземено од:

Мариовскиот говор“ Милица Коневска, Филозофски факултет Скопје, 1951 г.

 

Песната денес може да се сретне под името: Земи ме Недо

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu