Откријте го Мариово

Ој невесте црно око
што ти усте подгорело
како лушпе ореово?
– Кираџивче, јабанџивче,

момче ми е на туѓина,
зато усте подгорело,
зато лице подвенало!
 -Ој невесте црно око,
твојто момче вчера умре,
јас му платив закопнина
шес иљади дробни пари!
-Кираџивче, јабанџивче,
ќе продадам брза коња,
ќе ти платам закопнина
шес иљади дробни пари!
-Ој невесте црно око,
не ти сакам дробни пари,
јас ти сакам бело лице,
бело лице црни очи,
да прегрнам рамна става.
-Кираџивче, јабанџивче,
ај оттука да те нема,
не ти давам бело лице,
бело лице, црни очи,
да прегрнеш рамна става!
-Ој невесто црно око
промени се, накити се,
ќе те носам во Битола,
ќе ти купам драм белило,
ќе ти купам драм црвило,
ќе ти купам сребрен прстен,
зошто намус си крепила!
Тоа било нејно момче.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu