Откријте го Мариово

Ој Селимко џал Селимко,
Јашарова конакчица,
дал си чула и разбрала:

Џафер дојде Петалино
 и ги пленил овчарите!
Многу стока му барало,
многу стока товар азно,
до три гуни арнаутски,
три вустани капедански,
три ќемери мориовски
и пет рала ал подвески!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доста Волчева, родена во с. Груниште, тука и омажена; тогаш (1953) имаше 65 години.
Вид на песна: арамиска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu