Откријте го Мариово

Орда ја мајка плетеше
ем си ја ука учеше:
– Орданко ќерко, Орданко,

не оди Ордо в комшии,
в комшии има беќари,
ќе си дочуеш зборови,
па ќе ти падне недраго!
Орданка мајка не слуша,
па што си појде в комшии,
па што си дочу зборови
па што и падна недраго.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu