Оревот е многугодишно дрво високо до 20 метри и има разгрането стебло.
Лисјата на оревот се големи и со долга дршка на која се сместени до 7 лисја со нежни влакненца и нерви. Цветовите на оревот се во форма на реси на врвот од гранката, а плодот е јатка завиткана во цврста кора. оревот расте на влажни места и се одгледува.
УПОТРЕБА:
За лек се користат лисјата, мали неразвиени плодови и плодот.
Лисјата се употребуваат против кожни болести, пиодермии, гнојни рани, егземи, псоријаза, херпес, чиреви, атлетско стапало, чешање на препони, бидејќи чајот има антибактериско дејство, дигестивно и аперативно – го зголемува апетитот и го зајакнува организмот, а исто така и ја прочистува крвта од отровни материи. се употребува против глисти во црева и други паразити, запек, брадавици и чиреви во устата.
Надворешно, оревот се употребува за бањи и зацврстување на косата и кожни болести.
Од млади плодови се подготвува тинктура и слатко.
Плодот на оревот содржи многу витамин Ц и Е, минерали и е многу корисна храна.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com