Откријте го Мариово

Остана сирак сиромав,
сирак сиромав без мајка,
без мајка, а и без татко,
најголем сирак без жена!

Глави се младо слугинче
кај една млада вдовица;
девет години ислуга
никак и лице не виде.
Дојде ми време ем кога
вдовица доде на бања,
слугинче доде на бербер;
сретиле ми се сретиле
во едно тесно сокаче.
Повејал ветер горјанец,
од море ветер Горјанец,
тулбенот и го отврли,
тогај и лице видовме:
од лице сонце грееше,
од заби бисер ронеше,
од очи ѕвезди трептеа!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Димитар Каровски, роден 1922 година во с. Груниште; 1953-та имаше 31 година.
Вид на песна: романса

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu