Отишло моме на вода
со два бардаци сребрени;
на пат го сретна лудото.
Летнало моме да бега,
го заватила капина,
за тоа тенко убрусче.
Лудото вели говори:
-Држи капино не пуштај,
твоја ќе биде фалбата,
мое ќе биде момето!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Златевска, родена 1898 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1954 имаше 56 години.
Вид на песна: љубовна