ОТКАКО ГОРА НИКНАЛА – епска песна

Booking.com

Откако гора никнала
ништо во неа не влегло,
полна гора арамии.

Поминале сватовите
со лепа млада невеста;
невеста вели говори:
-Сватови мили сватови,
тијнете свирки тапани
полна е гора арамии.
Опште си тиа зборваа,
испаднале арамии,
разбегале сватовите,
оставиле невестата
со помалото деверче.
Невестата вели говори:
-Дејгиди младо деверче,
дал можеш пушка да носиш
дал можеш сабја да вртиш?
-Невесто млада невесто,
не можам пушка да носам,
не можам сабја да вртам!
– Дејгиди младо деверче,
крепи ми венци златови,
јас можам пушка да носам,
јас можам сабја да вртам.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: арамиска

Booking.com