Отруј се, Митро мори, отруј се,
Отруј се, Митро, жива не оди,
зошто ти е, Митро, овој живот
со твоите, Митро, мачни маки:
боса на жетва со срп во рака,
со срп во рака, лулка вежана,
лулка вежана, букар на рамо,
букар на рамо, зелник на глава,
зелник на глава, дете во раце.
Врли си, Митро, машкото дете,
ќе ти се смрси рамната става,
ќе ти огруби белото лице,
ќе ти пропаднат црните очи,
ќе ти се стопат белите дојки,
ќе ти се соснат белите раце!
– He си врљам, лудо, машко дете,
за тоа дете, лудо, жал ми е!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: семејна