Откријте го Мариово

Овчар бога моле:
– Боже, мили боже,
што не сонце зајде,
што не мракот падне,
моме да замраче
долу под селото,
близу до трлото,
до нашата страга!

.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: овчарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu