Овчарската торбичка е едногодишно или двегодишно растение, со исправено стебло, со слабо разгрането стебло високо до 50 см.
Лисјата во основата му се покрупни и перјесто разделени, цветовите се бели и ситни, во гроздести соцветија.
Плодовите се ситни тркалезно-срцести лушпи. оваа билка расте насекаде.
УПОТРЕБА:
За лек се собира надземниот дел, кој се употребува против сите видови на крварења (од нос, желудник, црева, хемороиди, од рани кога крварењето не може да запре) и кај неуредна менструација. исто така, се употребува и за лекување на тумори (фиброма) на матка, за регулирање на крвниот притисок (и за висок и за низок крвен притисок). овчарската торбичка може да се употребува за болести на мускулите, зглобовите, слабости на муску- лите на завршеното дебело црево, пролапс (испаѓање на дебело црево), матка и кила .
Се употребува во форма на чај, облоги, купки и тинктура.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com