Откријте го Мариово

Овчар страга гради,
ем си луто колне:
– Стадо, силно стадо,
да би испукало,
да би истрескало,

навечер по двесте,
наутро по триста;
стапов да го врљам
српот да го земам
јас да се наодам
со моми на жетва;
јас да се наслушам
момини зборови;
јас да се најадам
момини јаболка!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: овчарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu