Откријте го Мариово

Озгора иде сам Бегирот,
сите му на нога станаа,
руса Марија не му стана.
– Ај нека, нека, руса Маро.

нека дојде пролет-лето,
нека зароси ситна роса,
нека распече летно сонце,
нека зашумат лисни буки,
нека излезат лути змии,
јас ќе излезам арамија,
ќе ти изловам девет браќа,
ќе ти заколам стари татко!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Златевска, родена 1898 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1954 имаше 56 години.
Вид на песна: арамиска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu