Откријте го Мариово

Паднало моме од бога
во среде бавча градина.
-Марике, бела Марике,
ал си од бога падната
или од земја никната?

-He сум од бога падната,
нити од земја никната,
милна ме мајка родила,
мирно ме масло мачкала
со благо млеко доила,
под трендафилот лулала.
На Велигден сум родена,
а крстена на Ѓурѓовден;
лично ми име туриле,
лично бре име Марика.
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: романса

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu