ЗМЕОВА ПЕШТЕРА – предание од Мариово

Некогаш во старо време на верски празник, Водици кога играле девоите на сретсело во селото Крапа, Порече, дувнале некој ветрој големи и ja кренале една девона во воздух и змево ja однесол во една пештера.

(more…)

ЗА СТАЛЕ ПОПОВ

ЗА СТАЛЕ ПОПОВ
Приказните не би биле тоа што се, ако освен чувството на задоволство кај слушателот (подоцна и кај читателот) не би предизвикале често и повеќе од тоа.

Приказните не би биле тоа што се, ако освен чувството на задоволство кај слушателот (подоцна и кај читателот) не би предизвикале често и повеќе од тоа.  

(more…)

ИТАР ПЕЈО ПОЗАЈМУВА КАЗАН ОД КОМШИЈАТА – хумор од Мариово

ИТАР ПЕЈО ПОЗАЈМУВА КАЗАН ОД КОМШИЈАТА
Позајмил Пејо од еден комшија -чорбаџија казан да си свари сапун. Го позајмил и го задржал подолго време кај себе. Стопанот не го побарал и Пејо решил некако да не му го врати – ако се може.

Позајмил Пејо од еден комшија -чорбаџија казан да си свари сапун. Го позајмил и го задржал подолго време кај себе. Стопанот не го побарал и Пејо решил некако да не му го врати – ако се може.

(more…)

ИТАР ПЕЈО CO ТУЃИ ЧИЗМИ HA ОРО – хумор од Мариово

ПЕЈО CO ТУЃИ ЧИЗМИ HA ОРО
На еден Велигден Пејо немал чевли за на оро, та позајмил едни чизми од соседот – чорбаџија

На еден Велигден Пејо немал чевли за на оро, та позајмил едни чизми од соседот – чорбаџија , дошол на сретсело и се фатил на танец.

(more…)

ИТАР ПЕЈО ГО НАДМУДРУВА „ГОРНИОТ – хумор од Мариово

ИТАР ПЕЈО ГО НАДМУДРУВА „ГОРНИОТ”
Ум царува Ум робува Ум гуски чува (Народна пословица)

“Ум царува Ум робува Ум гуски чува (Народна пословица)

 Од сите живи суштества на земјава наша, само човекот е надарен со ум и разум.

(more…)

ИТАР ПЕЈО – КАДИЈА – хумор од Мариово

ИТАР ПЕЈО – КАДИЈА
Пак дошол Итар Пејо од Мариово во Прилеп и поминал крај една фурна. Се разбира дека бил изморен и гладен, та кога ги фрлил очите на тезгата и кога му замирисале топлите сомуни, симиди и тави со разни печива, слинки му протекле, а цревата почнале уште толку да му кркорат. A кога видел на тезгата една убава дебела гуска во една тава, за мерак испечена, веќе не можел да се воздржи.
– Чија е гускава, фурнаџија? – го прашал фурнаџијата со полна уста слинки.
– Од кајмакамот – му одговорил фурнаџијата, и тој голтајќи ги слинките кога погледнал во гуската.
– Како би било да и се гостиме ние сега? – го прашал Пејо фурнаџијата и му покажал со главата на гуската.
– Како ќе се гостиме, слепче, ќе не одере кајмакамот.
– Драл-не драл, таа ќе биде, туку да не губиме време. Внеси ја во одајата и земи еден топол сомун… – просто му наредил Пејо и се мушнал во одајчето од фурнаџијата. Влегол и почекал да ја донесе фурнаџијата гуската.
Фурнаџијата го знаел Пеја како шерет човек, но сега сакал да разбере што шеретлак крои, та го прашал:
– Ами кога ќе ја побара кајмакамот, што ќе му одговорам?
Пејо не се ни замисли:
– Ке му речеш дека гуската летна од тезга сосе тава печена.
Фурнаџијата се насмевнал, и, повеќе за шерет-лак, се согласил. Ја внесол гуската кај Пеја и за миг ја растргнале на парчиња. Почнале да јадат и да се смеат, но фурнаџијата пак се стрелушил… „Како ќе излезе оваа работа? Кој ќе му верува нему дека летнала гуска сосе тава, и тоа печена?” Затоа почнал да го испитува Пеја како да се правда пред кадијата, зашто сигурно кајмакамот ќе го тужи и ќе мора да оди на суд кај кадијата.
– Ама кога ќе ме отера кај кадијата, што велиш ти, Пејо, како ќе поминам таму? Ќе ме умрат од ќотек со кајмакамот, та остави што ќе ме осуди да ја плаќам.
– He грижи се – спокојно му одговорил Пејо. -Ти само кркај – да се накркаме, другото јас ќе го редам.
– Ти ќе го редиш, ама галиба по мојов грб – се жалел фурнаџијата.
– Немај гајле, немај. Пејо мислел и за тебе кога ти зборувал…
– А, како немај гајле, џанум? Кажи што мислиш?
– Ај, казан ти на глава! Што мислам и ќе направам; влакно од главата да не ти падне, тоа мислам.
– Е, како! Ќе поверува кадијата дека летнала гуската сосе тава?
– Ќе поверува како ништо. Ама зошто ќе речеш, зашто јас ќе бидам кадија.
Фурнаџијата уште толку се зачудил. Откаде – накаде Пејо од Мариово – кадија? Ама Пејо не го оставил да се чуди:
– Кадијата овие денови се смени. Новиот многу личи на мене, а ми кажаа дека изутрина отишол во Битола по анчето. Во кадилакот не се ни јавил. Јас сега оттука ќе појдам кај Насрадина, ќе се облечам во неговите алишта, ќе ја турам неговата капа и чалма и ќе станам поарен кадија од самиот кадија. Ќе појдам во кадилакот, нема да ме препознаат. И кога ќе те дотера тебе кајмакамот, јас ќе ти судам. А како ќе пресуди кадијата, така ќе биде. Разбра сега зошто ти велам да кркаш и да не бериш гајле?
Фурнаџијата се посмирил малку, но сепак загрижен си ја почнал редовната работа, чекајќи го кајма-камот по гуската и крајот на Пејовиот шеретлак.
Некој час пред ручек време, еве ти ја слугинката од кајмакамот:
– Готова ли е гуската, Василе? – ја побарала прво таа.
Васил почнал да го трлка грбот од фурната. Го пријал, значи ќе јаде ќотек, но нема што, почнал како што го научил Пејо:
– Ax, вие да сте живи со кајмакамот; гуската летна сосе тава кога ја извадов од фурна печена.
Слугинката почнала да се смее, па му рекла:
– Ајде извади ја, не играј мајтап со мене. Летнала печена гуска! Како можела да летне заклана, искубана, па дури и печена гуска?
– Така, летна од тезге. И тоа сосе тава. Се залепила за тавата, та и неа ја понесе во облаците.
– Ќе го кркаш копанот ти денеска, гледам… -почнала да се лути и да му се заканува слугинката.
– Од гуската? Ако… – и потфрлил фурнацијата.
– Mope од кајмакамот, та за од гуската и јас сакам, туку види, извади ја зашто гладен е, та ми рече макар и недопечена да ја однесам.
– Навистина, навистина летна – сосем сериозно и рекол фурнаџијата. – Оди така кажи му на ефендијата. Што сака нека прави. Било таксират -ќе купам една гуска и ќе му ја вратам…
Слугинката ја завртела главата и си отишла, та му кажала на кајмакамот како што и рекол фурнаџијата.
Кога ја слушнал кајмакамот слугинката зоврел од лутина.
– Како можела да летни гуска од тезга и тоа печена и сосе тава? – ревнал и го грабнал грбачот, та му отишол на фурнаџијата:
– Камо гуската, бре ќерата? Како летна мојата гуска сосе тава, а? Гуската, зашто сега ќе ти ги кршам коските, жими вера! – и му влегол внатре во фурната и замавнал со грбачот, викајќи колку што може: – Гуската, гуската, камо гуската, бргу ваму гуската…
– Летна, кајмакам ефенди, што сум виновен јас?
– А бре, како летна, бре заклана гуска, искубана гуска, па и печена летнала и тоа сосе тава, бре! Мене најде да ме маслосуваш? Гуската, зашто сега ќе ти ја потсечам главата на прагот – и пак почна да мава.
Фурнаџијата ја наведнал главата, се фатил со раце за неа и истрчал на улицата и почнал да бега по улица. Кајмакамот се втурнал по него да го брка, не престанувајќи да мава по грб, викајќи патем:
– Држете го фурнаџијата, народе, држете, држете…
Бегајќи така по улица, фурнаџијата удрил во едно тесно сокаче што било преполно со народ и доби-ци, бидејќи бил пазарен ден. He можејќи да помине низ добиците, фатил едно магаре за опашка за да го поистави од патот, и така силно му ја оптегнал опашката што му ја скинал. Се загнал по него и стопанот од магарето да го брка што му ја скинал опашката на неговото магаре. Се сториле двајца со кајмакамот.
Бегал понатаму кутриот фурнаџија и поминал крај една маска на која јавала една анамка. Маската била ујлија, се потплашила од него, рипнала и ја фрлила анамката сосе малото дете што си го држела на скутот. Паднало детето несреќно на калдрмата и наместо издивнало. Се загнал и таткото од детето да го брка фурнаџијата. Се сториле тројца гонители по фурнаџијата.

Пак дошол Итар Пејо од Мариово во Прилеп и поминал крај една фурна. Се разбира дека бил изморен и гладен, та кога ги фрлил очите на тезгата и кога му замирисале топлите

(more…)

ИТАР ПЕЈО BO БЕРБЕРНИЦАТА – хумор од Мариово

ИТАР ПЕЈО BO БЕРБЕРНИЦАТА
Дотпол Итар Пејо во Прилеп на пазар да продаде нешто, да купи нешто и да однесе некоја пара дома да му се најде за зол час. Ги нарами дисаѓите на рамо и две грнчиња в раце и пукара-чу-кара дошол. Дошол и никаде на ан не се вратил, бидејќи не терал добиток да го врзе, ами така, со товарот на рамо влегол во една берберница да се потстриже и избричи, па после ќе оди да бара муштерии за стоката што ја носел во дисаѓите и грнињата. А не еднаш Пејо наоѓал муштерии за својата стока и тука по берберниците и други дуќани, та ја арчел без да оди на пазар и да плаќа дулие и други дажбини.
Влегол во берберницата каде што ги познавал добро берберот и калфата и ги оставил дисаѓите и грнчињата до столот за бричење. Калфата штотуку добричувал еден муштерија и веќе го пудрел кога Пејо седнал на столот и берберот го прашал:
– Да го симнеме руното, Пејо? – и веќе му ја симнал валаницата од главата и почнал да му ја бушави и инаку бушавата коса.
– Ќе го потсимнеме, ама не сосем. Сакам да ме направиш угич. Знаеш како ги стрижиме ние во Мариово угичите? Co самарче на грбот… Така сакам да ме направиш – му одговори Пејо.
Берберот почнал да му ја врзува крпата околу вратот и го продолжи разговорот.
– Ех, јас не знам! Зошто сум бербер ако не ги знам сите чешити стрижења и бричења. Ти само седи, ќе видиш што угич ќе те направам, – и си ги зел ножиците, обрнувајќи им се на калфите и на добричениот муштерија Тома:
– Го слушате Пеја наш како сака да го стрижам? Како угич, вели. Сака да се рогуши пред мариовките како угич меѓу овците. Е, ќе го направам, луѓе, и сам да не може да се познае – и си почнал да го стриже Пеја напратје како што се стрижат јарците и козите.
Пејо отпрвин почнал да се кремши, да трепка со очите, да гледа во огледалото, но веднаш се тргнал и му ја фатил раката на берберот, викајќи:
– Стој, побратиме стој – почнал уште повеќе да се ѕвери во огледалото, да ја врти главата подобро за да го види стрижењето, па му се врекнал:
– Ти така напразно си се фалел, побратиме! Изгледа абер си немаш како се стрижи брав-угич, a како прччепиш. Јас ти реков да ме стрижиш како угич, а не како прч напратје.
Берберот се тргнал од Пејовото викање и небаре почнал да се чуди:
– A, а, сега знам, знам! Co самарче сакаш, нели?
– Ти реков, де! Co самарче, не вака напратје…
– Е, е! Ти само седи и мирувај! Ќе те направам како што сакаш – почнал да го потстрижува високо, така што на Пеја му останала коса само на темето, нешто налик на китајско перче.
Пејо се погледнал во огледалото и почнал задоводно да се смешка:
Ете така! Ова се вели угич. Сиот потстрижен, само по грбот самарче. Ox, ox, ох! – издивнал Пејо и си ја\истресол косата.
Берберот си ја симнал крпата од Пејовиот врат па го прашал:
– И бричење, Пејо зар не?
– А, ха! – потврдил Пејо со главата. Берберот пак му ја клал крпата околу врат на
Пеја и му се обрнал на калфата:
– Ајде, дете, насапуни го братучед ти Пеја да му го тргнам бричот.
Во тоа време муштеријата Томо беше станал од столот и сакаше да си оди, но сакаше прво да види што ќе стане со Пејовото бричење, та кога берберот му рече на детето да го сапуни Пеја, Томо се замеша во разговорот.
– Зошто да го сапуни? Толкав маж, јунак, ќе го сапуни. Срамота е. Како ме избричи мене на суво, ќе го избричиш и него. He дека е тој почурук од мене?
Пејо веднаш пламна: – Кој почурук од тебе? Пејо од Мариово подолен од еден јорганчуџук-граѓанец?
Кога ги слушна овие зборови берберот почна и тој со своите шеретлаци:
– Навистина, Пејо, твоите селани сите насуво се бричат. Само ти којзнае дали ќе издржиш. Да не ти е лута брадата, та да ми го искршиш бричот?!
– Лута -не лута, барај си брич. Кога можат тие насуво да се бричат, зошто пак јас да не можам? Ајде, и инаку имам брза работа; не задржувај ме со тоа твое лигавење – сапунење – му одговори Пејо и чекаше да го бричи.
Берберот го зеде бричот и место да го точи, тој почна да го аби од каменот. Тргна еднаш-двапати и брадата почнала да прска настрана, а Пејо да се мурти од болки.
Во тоа време на вратата влезе друг муштерија, чорбаџијата Мито со 2-3 пилиња в раце. Ги остави пилињата во ќошот и им се приближи на берберот и Пеја.
– Добар ден, мајстор Димче – го поздрави Мито берберот и продолжи: – Машала, машала и Пеја си го налегнал денеска. – Го погледна во главата Пеја и се насмевна: – Ама си го направииил! Цел угич, машала! Има да блеат Мариовките по него…
Пејо го искористи разговорот со чорбаџи Мита и му ја задржа раката на берберот, а му се обрна на чорбаџи Мита:
– А бре, чорбаџи Мито! Зошто сте толку злобни вие чорбаџиите? – му рече и му се втренчи право в очи.
Мито стана сосем сериозен, па му одговори: -Оти, бре Пејо?
– Оти? Ами, ете, оти! He оставате да живее сиромав покрај вас.
– Ама што е, Пејо? Барем ти ништо лошо немаш видено од мене.
– А бре, јас! Остави ме мене, туку другите сиромаси не можат да се омрсат од вас чорбаџиите – му одговори Пејо.
– Е, што не можат да се омрсат? Кажи де? -почна да се мурти Мито.
– Ех, што не можат да се омрсат! Ене гледам си купил пилиња, тоа што можат и сиромасите да купат. Ами ти си чорбаџија човек; ти дал господ пари со товари, што се вели зборот. Купи ти нешто друго што не можат да го купат сиромасите. Остави им ги ним пилињата.
– Што да купам друго, бре Пејо? Од јагне и пиле има нешто послатко? – му одговори Мито.
Пејо одвај го дочека она прашање и со најсериозен тон му се обрна на чорбаџијата:
– Ами што да купиш… Купи… купи… (се замисли за миг, па како навиен будилник отпетла): Купи едно магаре да има цела недела да јадеш… Остави им ги пилињата на сиромасите…
При овие Пејови зборови сите четворица почнаа да се смеат, а чорбаџи Мито се намурти и му врекна на Пеја.
– Ќе купам магаре, Пејо, ама ти да го јадеш, а не јас, гиди едепцез ниеден. He знаеш што зборуваш. Кој јал магаре, та и јас?
– Ама така се велит лафот, та сигурно нема да купиш магаре, ниту пак ќе го јадеш, ами јас реков да ти напомнам да не им го земаш залакот од уста на овие сиромаси – почна Пејо да го успокојува чорбаџијата и му ги покажа со глава берберот и калфата.
На овие Пејови зборови чорбаџијата се поразведри, та дури и тој почна да се смешка, ако не му беше право што го насамари Пејо.
– Има и за нив, Пејо, има. He жалај ги ти нив. Ете, за едно стрижење – бричење, ќе им ја наполниш тавата јајца, ако не ти го земат и грнчето – рече и погледна кон грнињата, па продолжи: – Навистина, што донесе, Пејо, на пазар од Мариово?
– Што имав – тоа донесов! Да не сакаш и тоа да им го земеш од пред носот? – му одговори Пејо и пак погледна во дуќанџиите.
– Co пари, Пејо, со пари. He им го откинувам јас, ниту пак ти гачкам, господ да чува. Туку, речи што има во грнчињава?
– Што им треба на чорбаџиите има! – му одговори Пејо и почна да сесмешка под мустаќ.
– Маст? Мед? – веднаш погоди чорбаџијата.
– Токму тоа: маст, мед, што не јадат сиромасите. Мито почна да се оближува кога Пејо му рече дека има мед:
– Ами, цеден е медот или пити?
– И медот е цеден и маста е топена, туку прашај го мајсторов дали ќе ти отстапи, зашто јас немам пари за стрижењево и бричењево…
Мито веднаш му се обрна на берберот.
– Ќе го земеш. Димо, или да му дадам пари да ти плати?
Берберот пак го навали Пеја на столот да го подбричува. Почна да трга со бричот така на суво.
а Пејо пак почна да се мурти, дури и солзи му навреа во очите.
– Зедов јас, чорбаџи утринава, не ми треба – му одговори берберот на чорбаџи Мита, и му се обрна на Пеја:
– Што е Пејо, што се муртиш? Да не те боли? -го праша и престана да го бричи.
Пејо се подисправи на столот и почна да си ги брише солзите:
– А бре, не ме боли… туку знаеш што? Навистина и јас сум од Мариово, ама посмртче сум роден, та не сум јунак колку другите мариовци што се бричат насуво. Ако е кабил, насапуни ме малку да не ти го расипам воздухот во дуќанов – му рече на берберот, па му се обрна на чорбаџи Мита:
– Почекај ме, чорбаџи, ако сакаш да ги земеш маста и медот.
Берберот виде дека Пејо не може да издржи насуво бричење и му нареди на калфата:
– Ајде, дете, насапуни го Пеја дури да ја испушам цигарава. – Си извади цигара, та му даде и на Тома и на Мита и подена со нив разговор во еден агол во дуќанот, а калфата почна да го сапуни Пеја. Но наместо да го натопи со вода, почна да му плука в лице и да трие со тврдата четка. Берберот, Мито и Томо, гледајќи што му прави калфата на Пеја, почнаа да се кикотат, а Мито продолжи со разговорот:
– Го слушнавте што едепцез е? Купи, вели, Maгape да јадеш цела недела. Да би срчка го изела, да бог да даде. Ќе јаде тој трици овесови, a јас ќе јадам пилиња, и маст и мед. Баш за инает што ме насамари. налегајте да му ги земеме поевтино, па ако сакате и да ги делиме.
– Земи ги, чорбаџи, земи ги. Јас зедов изутрина малку; доста ми е. Па, право да ти кажам, и пари немам за трошење. Ми треба некоја пара… – му одговори берберот на Мита, но затоа пак Томо му рече:
– Да ги земеме со мене. Јас маста, ти медот. Само гледајте да го налегнеме на цената. He дека пак тој знае за цена?
– Знае тој само шеретлаци, а за друго, ќутуци се сите Мариовци – му одговори чорбаџи Мито, a берберот го праша калфата:
– Ајде, дете, готов ли си?
Калфата го изнаплука Пеја, го истркала со четката и му одговори на берберот:
– Готов, мајсторе, готов. Повелете!
Сите тројца тргнаа кон столот на Пеја и берберот почна да го точи бричот, а Мито му застана на Пеја зад грб и го праша:
– Навистина, ќе ми го продадеш ли медот, Пејо?
– Јас пак за маста сум муштерија – веднаш по Мита го праша Томо Пеја.
– Почекајте нека ме избричи мајсторот, па ќе го правиме муабетот – им одговори Пејо на обајцата муштерии.
Мито и Томо седнаа зад Пеја и во еден глас го замолија берберот:
– Ајде, мајсторе, побрзај, да свршиме работа со Пеја.
Берберот почна безмилосно со бричот по Пејовата брада. Набрзина го избриче, му ја симна крпата од вратот и му рече:
– Ha здравје, Пејо!
Пејо издивна длабоко, се фати за лице, се огледа во огледалото и му одговори: – Здравје да имаш, ама…
– Ама не издржа на суво, а? – му рече берберот. Пејо почна да ја врти главата заканувачки: – Ти реков де! Посмртче сум роден, затоа не сум јак колку другите мариовци. Туку… што правиме сега за плаќање: јас немам готови пари…
– Еве, ќе земеш од чорбаџиите за маста и медот, – му одговори берберот.
Пејо почна да се мисли: – He, море! Тие пари треба да ги однесам дома на Пејовица. Ами носам
десетина јајца. Да ти дам пет-шест ако е мунасип.
Ете нека му се прави ќефот и на чорбаџи Мита, што рече преѓеска, навистина ќе ти ја наполнам тавата. Берберот ја заврте главата: – Најпосле и така нека биде, Пејо. И инаку денеска е пазар, не одиме со калфата дома на ручек. Ќе ги испржиме тука на мангалот. Ама ќе дадеш осум. Толку на есапот ќе дојде: осум јајца по пет пари таман грош колку што чини стрижењето и бричењето.
– Седум ќе ти дадам, седум. Види им го аирот и со здравје да си ги јадеш – му одговори Пејо.
– Аирлија нека е, Пејо! Едно јајце, ја било ја не било – се согласи берберот и Пејо стана од столот и извади од дисаѓите седум јајца и му ги кладе на калфата во фесот.
Кога Пејо му плати на берберот, чорбаџи Мито го праша Пеја:
– Ајде, Пејо, колку пари му бараш на медов? Колку ока има?
– He сум го мерил, ни пак знам од ока-полока! Гутуре ќе го платиш десет гроша… – му одговори Пејо.
Чорбаџи Мито се приближи до грнињата, го поткрена едното, му го поткрена капачето, пробу-ричка со прст и лизна од медот.
– Велиш има две оки, та да го платам десет гроша?
– Ти реков, де? Една, две, три – гледај ти. Јас сакам десет гроша сосе грне. He можам да го чекам да препразнуваш дома. Знаеш каде е Мариово. Треба бргу да си одам. Me чека Пејовица.
Мито пак го поткрена грнето. My се стори дека има над три оки мед. И тоа цеден мед, па му рече на Пеја:
– Да ти дадам осум гроша, Пејо?
– Само десет, чорбаџи!
– Ја девет, бре Пејо?
– Реков јас дека вие чорбаџиите сте стипци! He јадеш ти, чорбаџи, цеден мед за три гроша ока, не…
На овие Пејови зборови чорбаџијата Мито се поразлути:
– Е, да видиш дека ќе јадам, Пејо. Аирлија нека е. Го зедов. Десет – десет! И го извади ќесето, та му изброја на Пеја десет гроша.
– Ја масва, Пејо, колку пари? – го праша чорбаџи Томо и го поткрена и тој другото грне; зеде со    прст и ја проба.
– Десет гроша, чорбаџи – отсечно му рече Пејо.
– Маста е поевтина од медот Пејо, и полесна.
– Маст е маст – медот е мед! Јас сакам и за неа десет гроша; ако ти чини – земи ја. Ако не… ене ми го маст-пазар; што е мое – ќе земам…
– Ајде нека е аирлија. Me бендиса, чиста стока, ќе ја земам – му рече чорбаџи Томо.
Кога Томо рече дека е чиста стока, Пејо се заврте настрана, си ја кладе раката на устата и почна да се кикоти и сам да си зборува за себе:
– Чиста е, чорбаџи, чиста. Само гаќникот бачот што си го омаца во врвот, инаку многу е чиста. Тоа што лижеа пците од неа, не дека е гнасно!
Во тоа време чорбаџи Томо веќе го извади ќесето и му ги брои десетте гроша на Пеја, зборувајќи му:
– Повели, Пејо, и со здравје да си ги потрошиш. Пејо си ги пушти парите во џебот од кудријата и тој го благослови чорбаџијата Тома:
– Сполај ти, чорбаџи, сполај ти! И ти со здравје да си ја јадеш…
Мито и Томо си ги зедоа грнињата, се подбуцнаа, му намигнаа на берберот дека го излагале Пеја. Чорбаџи Мито си ги зеде пилињата и си излезе од берберницата, поздравувајќи се со берберот и Пеја:
– Збогум, мајсторе, збогум, Пејо!
– Co здравје, чорбаџи, со здравје да си ги јадете маста и медот – ги испрати и Пејо и почна да се кикоти па некако како да се присети нешто, му се обрна на берберот..
– Да не имаше едно време кадраџија тука кај тебе, мајсторе? Сакам да се кадросам вака убаво стрижен и бричен…
– Како не, Пејо, како не! – извика мајсторот божем восхитен. – Еве го надвор кај чека муштерии! – А кон калфата: – Оди, дете, викни го кадраџијата да го кадроса Пеја.
– Веднаш, мајсторе, веднаш, – одговори калфата и истрча низ врата.
За миг влезе фотографот во берберницата.
– Повелете, мајсторе, да кадросам некого? -праша и се погледна во Пеја и се насмевна.
– Побратимов Пејо сака да се кадроса, туку многу се брза. Ако можеш набрзина да го чкрапнеш. И за плаќање – со јајца плаќа.
– Таман денеска немам ништо за ручек. А за бргу ако сака, имам јас и готови. Може да си избере, да не чека.
– Аман, де? – извика Пејо. – Уште поарно. Дај да ги видам тие готовите, да не губиме време, ни ти ни јас…
Фотографот извади едно топче слики од мажи и му ги даде на Пеја. Овој ги преврќа, загледувајќи се во секоја, па при крајот се задржа на една убава слика од младо момче селанче:
– Еве, оваа личи на мене. Ќе ти дадам три јајца за неа – му рече на фотографот.
– Пет ќе дадеш за неа, Пејо. Гледаш што е убав? Ете каков сум те кадросал! ‘Рслан! Чевен момче, зар не?
– Три, три! Толку останаа. Ни половина повеќе немам. А и да имам не давам повеќе за готова слика…
– Аирлија нека е, Пејо! Давај ги – се согласи фотографот.
Пејо си ја кладе сликата в пазуви, ги зеде дисаѓите, ги извади трите јајца и му ги даде на фотографот, пак со истиот благослов:
– Алал нека ти се, и со здравје да си ги јадеш… – си ги крена дисаѓите на рамо и си излезе од берберницата; завртувајќи се од вратата му довикна на берберот:
– Збогум, мајсторе, и добро видување до пазар…
Берберот го испрати со насмевка:
– Збогум, Пејо, и гене бујрум до пазар. Доведи ја и Пејовица да ја направам угич и да се кадроса.
Пејо си излезе, а берберот почна да разговара со фотографот.
– Ама будала Мариовец! Готова слика зеде; три-четири оки мед и мас им ги даде за по десет гроша. Да знаев дека толку евтино ќе ги дадеше, ќе ги земев јас…
– Такви се тие горјани. Ни есап ни ќесап не знаат. Се ѓутуре продаваат – ѓутуре купуваат. Туку… како ќе ги готвиме ние сега јајцава? Вие двајцата имате седум, јас три. Горе-долу по токму сме. Ајде да ги испржиме заедно, а јас ќе давам полока вино што му ги зедов на Пеја за бадијала. Вие ќе ја дадете пак маста!
И берберот му нареди на калфата:
– Распретај го, дете, мангалот и земи го тавчето; тури малку од маста што ја зедовме утринава.
Калфата го донесе мангалот на сред берберницата, го распрета жарот, ја донесе и тавата со маст, ја кладе да се топли. Берберот ги зеде јајцата и еден пјат да ги крши во него и да ги мати за да прави кajгана. Зедоа столови обајцата со фотографот и седнаа крај мангалот. Калфата ја држи тавата. Берберот му рече на фотографот:
– Ќе ги изматиме во пјатов да збувнат. Десет јајца – таман манџа што велела итрата невеста. – И почна да крши две јајца едно од друго. Уште со првото удирање едното пукна, а берберот се вџаши. Го поднесе под нос, го помириса и се намурти, обрнувајќи му се на фотографот, му рече:
– А бре ми, ова – смутка пустињево? – и му го поднесе под нос и тој да го помириса. Кога го мирисна, и тој се намурти, па веднаш ги чукна и неговите две ама веднаш и тој ревна:
– А бре ми, и ова?
– Ах, суртук Пејо, туку чекај да видиш, ако ми стапнеш уште еднаш во дуќанов – почна да му се заканува берберот на Пеја и ги искрши сите јајца, ама сите излегоа смутки. Така навреден берберот, почна да си зборува:
– Е, луѓе, за колење е откај вратот овој Пејо. Ем, ако ми дојде другпат, ќе му го тргнам бричот како на jape. Види како не насамари објацата… почна да ја врти главата заканувачки и да цука.
Дури така цукаа и се чудеа берберот и фотографот, ене ти го на врата се појави чорбаџи Мито и почна да вика:
– Кај фати, бре тој лажго; сортата негова мариовска! – и дојде до мангалот. Го погледна берберот и двајцата почнаа да се смеат.
– Смутки? – го праша, покажувајќи со главата на искршените јајца.
– Сите до едно – му одговори берберот. – A тебе?
– Мене?.. уште побетер, верата негова мариовска. Погоди што ми продаде. Берберот ги крена рамениците. – Откај знам!
– Смола борова, брату, смола. Ама така личи на цеден мед, та слинките ќе ти протечат кога ќе ја видиш. А, кладе ли в уста една капка – пелин не и е рамен. Горчи, пелин, ти велам!
Дури сите се изнасмеаја убаво, на вратата се појави и другиот чорбаџи Томо и тој ја разбра работата, та почна и тој да се смее. Берберот и него го праша:
– А тебе, чорбаџи Томо?
– Се знае моето, урда. Го наполнил син мајчин три череци урда, а два три прста маст одозгора и ми ја тапоса сега место маст.
– Затоа ги продаваше и медот и маста сосе грниња!.. – се сети сега чорбаџи Мито, па продолжи:
– Најпосле, нека ни е на здравје на сите. He соши тој маж со самарна игла; нека ни е за ум да го лажеме Итар Пеја од Мариово…

Дотпол Итар Пејо во Прилеп на пазар да продаде нешто, да купи нешто и да однесе некоја пара дома да му се најде за зол час. Ги нарами дисаѓите на рамо и две грнчиња в раце и пукара-чу-кара дошол.

(more…)

ИТАР ПЕЈО, ПОПОТ И АЛВАТА – хумор од Мариово

ИТАР ПЕЈО, ПОПОТ И АЛВАТА
Служел Пејо кај некојси поп. Попот, како поп, често си правел алва. Арно ама, еден ден направил повеќе отколку што можеле да изедат со Пеја, та скоро половината им останала. За да не ја изеде Пејо останатата алва сам кога ќе излезе попот некаде по работа, овој намислил да го заплаши Пеја со нешто и му рекол:
– Слушај, момочко. Јас во алвата турив отров. Да не те лаже умот да каснеш без мене, зашто ќе се отруеш.
Го викнале попот в црква да крсти, на гробишта да пее, да закопува некого, а Пејо останал сам дома и намислил да ја изеде сам алвата, сигурен дека никаков отров не турил попот во неа. А за да може да се оправда пред попот и тој смислил една лакрдија.
Како што цепеше дрва во дворот, стана, ја скрши намерно дршката на секирата, отиде, ја изеде сета алва, и продолжи да цепи дрва со скршена дршка.
Кога се прибра попот и виде дека алвата ја изел Пејо, почна да се кара и да го пцуе, а Пејо почна да му се правда.
– Ја скршив – вели – дршката од секирата, и плашејќи се да не ме караш и биеш, решив да се отрујам, па затоа ја изедов алвата.
Попот се насмевна, иако не му беше за смеење, и му прости на Пејо и за двете штети што му ги направи во тој ден.
 

Служел Пејо кај некојси поп. Попот, како поп, често си правел алва. Арно ама, еден ден направил повеќе отколку што можеле да изедат со Пеја, та скоро половината им останала.

(more…)

ИТАР ПЕЈО И БЕРБЕРОТ – хумор од Мариово

ИТАР ПЕЈО И БЕРБЕРОТ
Дошол во еден пазарен ден Итар Пејо во Прилеп на пазар и решил да се избричи, та влегол во една берберница. Бидејќи го познаваа сите како шегаџија, берберот реши да се пошегува со него, та го кладе на столот спроти сонце и место да го сапуни како што му е редот, тој почна да му ја топи брадата со плунка. Така насапунет спроти сонце почна да го бричи, дури на Пеја не му се стемни на очите од болка. Го замоли да го пушти небричен и му го плати рупчето, колку се беа погодиле.
Кога Пејо излезе од берберницата на половина бричен, низ градот се разнесе смеа и шега, а берберот се држеше за стомак што успеа да го излаже и да го насамари овој мариовски мудрец.
Пејо ја разбра работата и си рече во себе: „Чекај си ти, пакосен бербер, ќе ми те сошијам јас тебе со самарна игла, ич да не се сетиш” – и отиде кај друг бербер да се добричи.
По една година од горната случка, пролетта, во лозја кроење, си го зеде Пејо сорот и помкна покрај берберницата во која се бричеше лани и почна да бара работа, да му го ореже лозјето на берберот, и тоа за евтини пари. Овој си помислил дека пак ќе го излаже Пеја и го пазари. Го одведе на лозје, го напои ракија, го наруча убаво, па и винце му даде и го остави да работи, не заборавајќи да му нареди и паричките да ги изнесе на крајот, откако ќе го ореже.
Кога си отиде берберот, Пејо почна со работа, но наместо да го реже лозјето, тој ги искорна сите пењушки од корен и ги изнесе на крајот како што му рече стопанот. Околу ужина отиде во берберницата да си ги прибере парите за денешната работа.
Берберот сиот радосен дека за евтини пари Пејо му го орежа лозјето, пак го напои и на разделување го праша:
– Убаво ли го орежа, Пејо лозјето?
– Многу убаво, чорбаџи, многу – одговори задоволен Пејо – уште еднаш не ќе треба да го режеш.
– А дали го исчисти убаво, Пејо? – пак праша берберинот.
– А, ха! Ни прачка, ни пењушка не остана на земјата. Чисто е како тепсија – одговори Пејо.
– Ами плаче ли, Пејо?
– Плаче ли? Уште прашаш, пријателе мој! He само лозите што плачат, ами кога ќе отидеш ти, ќе зареваш кога ќе го видиш колку убаво сум го орежал. А тоа ти е, пријателе, за она ланското бричење на суво и спроти сонце – му објасни Пејо и си побегна во Мариово да си мудрува.

Дошол во еден пазарен ден Итар Пејо во Прилеп на пазар и решил да се избричи, та влегол во една берберница. Бидејќи го познаваа сите како шегаџија, берберот реши да се пошегува со него,

(more…)

ИТАР ПЕЈО И НАСРАДИН-ОЏА – хумор од Мариово

ИТАР ПЕЈО И НАСРАДИН-ОЏА
Се нашле некако како се нашле Итар Пејо и Насрадин-оџа и се договориле да одат по мариовските села да лажат и да надлажуваат, та да видат кој од нив двајцата поубаво ќе лаже. Тргнал напред Насрадин со своите луѓе, a по него Пејо.
Кога дошол Насрадин-оџа во едно село, се собрале селаните и почнале да го распрашуваат за едно, за друго, што видел, што чул по светот каде што поминал. И Насрадин почнал да им расправа:
– Кога бев во тоа и тоа село, дувна еден толку силен ветер та ги крена сите магариња и ги однесе во облаците.
Се зачудија селаните, но гледајќи го Насрадин така стар, со бела брада и коса, некои и поверуваа.
Преноќева Насрадин во селото, си појде изутрината и си замина за друго село.
Вечерта по мракот довтаса и Итар Пејо со својата дружина. Го опколија селаните и него како Насрадина, и некој го праша дали навистина во фиљан село ги дигнал ветрот магарињата во облаците.
Пејо се сети дека таа лага е од Насрадин и одговори:
– Лебами, дали ветрот ги кренал магарињата, јас не видов. Да ве лажам – срамота е, наши луѓе сме. Ама кога поминав таму, видов дека паѓаа самари од небото.
„Навистина било што кажа Насрадин” – си рекоа селаните и му поверувале на стариот лажач.
Во тоа време Насрадин веќе беше во соседното село и им прикажуваше на тие селани како во фиљан село, во фиљан земја, имало џамија толку висока та орлите ги колвале ѕвездите кога ќе застанале на минарето.
Уште неотиден Насрадин, втасал и Пејо и селаните го обиколиле да им каже дали навистина џамијата во тоа и тоа село била толку висока, како што рече Насрадин.
Пејо ја разбра и оваа лага од Насрадин и им одговори:
– Дали орлите ги колваат ѕвездите, јас браќа, не можам да тврдам. Ама знам кога ја довршил мајсторот џамијата и ја фрлил теслата од врвот на минарето, дури да падне на земја рачката беше изгнила. Сега сами ценете колку е висока таа џамија.
Се потврдиле лагите од двајцата лажговци и селаните ги нагостиле вечерта убаво. Дури им месиле и еден мариовски зелник.
Во тоа село им се придружил и некој друг трчи-лаж и им се замешал и во зелникот. Но зелникот бил голем, како мариовски, и вечерта не можеле сиот да го изедат. Но тоа што останало од зелникот било малку за сите тројца, та Насрадин решил со лага и лукавство да го изеде сам, па им предложил на Пеја и на новиот гостин и другар: кој ќе сонува ноќеска страшен сон, тој да го изеде зелникот.
Сите легнале, и утрото почнал Насрадин прв да го раскажува страшниот сон:
– Кога дојдоа ноќеска два орли, кога ме кренаа, како ме вишија, вишија дури во облаците, та кога ме пуштија одозгора, уште малку ќе ми излезеше душата да не бев се разбудил – рече Насрадин и длабоко воздивна, уверен дека од тој сон пострашен не ќе може да сонува никој од неговите ортаци на зелникот.
Новиот другар го раскажа својот сон:
– A јас пак, пропаднав на дното од морето. Mope, кога ми се набраа разни морски животни: риби, жаби, китови, крокодили, се знае ли уште какви ли не, одвај ја достискав душава да не ми излезе. Да не се разбудев, навистина ќе ми излезеше.
– Аха! И тоа е страшно – продрдоре Насрадин и му се обрна на Пеја:
– А ти Пејо, што сонуваше?
Пејо одвај го дочека прашањето и одговори:
– Јас пак, кога видов дека тебе, оџа, те кренаа орлите и те однесоа во облаците, а другаров овдека, пропадна во морето, станав ноќеска и го изедов зелникот. Што има да ве чекам кога нема да се вратите?
– Ах, ќерата, Пејо – се провикна оџата, но зелникот Пејо беше го откраднал уште на полноќ.
 
II
Шетале што се шетале Пејо и Насрадин во Мариово. Лагале што лагале, најпосле дошле во Прилеп. Бидејќи биле гладни, а пари немале да ручаат во некоја гостилница, почнале да се договараат како да дојдат до јадење.
Најпосле Пејо се досетил и му вели на оџата:
– Седи ти тука во анов и вали го огнот, a јас ќе одам да донесам некоја риба да испржиме.
И отишол на рибни пазар. Пазарил цел кош риби и му рекол на рибарот да го прати калфичето за да му даде пари и да си го прибере кошот. Овој се согласил и го испратил детето со Пеја. Арно ама, Пејо го свртел патот крај црквата и му рекол на детето: „Постој ти, малечок, тука да ми ги препее попот рибиве, зашто ми се за на гробишта, умре татко ми”. Детето застанало, а Пејо низ другата врата излегол со кошот и право кај Насрадина во анот.
Чекало детето да излезе Пејо, чекало, и кога видело дека го нема, влегло и тоа в црква да го побара. Таму го нашло стариот поп како чита некоја голема книга. Штом го видел попот детето, веднаш го наврел епитрахилот на вратот, му тутнал една свеќа и крст во рацете и почнал да му чита некаква молитва. Одвај се разбрале дека тоа го бара Пеја со кошот риби. Се разбира дека попот не можел да му помогне на детето и тоа си отишло кај својот мајстор без пари и без кош.
Пејо ги однесол рибите кај Насрадина, но треба и масло за да се пржат. Па излегол, зел еден голем сунѓер и отишол во истата црква. Оттаму, оттука, го намакал сунѓерот во три-четири кандила и однесол некоја полока зејтин! Ја опнале тавата, ги напржиле рибите, но им притребал леб, а потоа им се присакало и винце. My порачале на анџијата и едното и другото и убаво се накркале. Кога дошол калфата да му платат, тие почнале да се прегрнуваат и да се препираат кој да плати. Најпосле Пејо му рекол на калфичето:
– Знаеш, што, малечок. Ние сме добри пријатели и другари. Подобри дури и од браќа, та не можеме да се погодиме кој да плати. Ами ајде ти да ни помогнеш. Ќе ти ги врземе очите со шамијава и кого ќе го фатиш тој ќе плати.
Калфичето се согласило, му ги врзале очите и почнало да ги бара по широката одаја, а Пејо и Насрадин во тоа време ја фатиле вратата и се изгубиле во градот.
Чекал, чекал анџијата да се врати калфата со парите и кога видел дека го нема, отишол дома да види што станува. Кога влегол во одајата, детето го слушнало по стапките и му се фрлило, викајќи силно: „Е, не мрдај, ти ќе ја платиш сметката”.
– Јас ќе ја платам, ами кој друг, уште кога ти ги врзале очите – му одговорил анџијата и ја одврзал шамијата од детето, смеејќи се слатко на остроуми-ето од двајцата светски лажговци.

Се нашле некако како се нашле Итар Пејо и Насрадин-оџа и се договориле да одат по мариовските села да лажат и да надлажуваат, та да видат кој од нив двајцата поубаво ќе лаже.

(more…)