Откријте го Мариово

Пашата мина низ село,
невеста срете под село
и тихо си ја питаше:
-Невесто мори убаво,
имате село големо,

имате сенки ладови,
имате вода студена,
немате моми убави!
-Пашо ле, море пашо ле,
имаме како немаме,
золва ми е бела Божна,
на сонце ми е прилика!
-Невесто мори убаво,
оди да ми ја извикаш
донадвор нека испадне!
-Сестрице бела Божано
излези Божно донадвор,
донадвор Божно до тремче
да видиш чудо големо:
татко и мајка идеа
сиви гулаби носеа,
бела пченица κ ‘лваа,
дробен си бисер блуваа;
излези да си набериш
на грло да си нанижиш!
Та ми излезе Божана,
од неа сонце грееше,
од очи ѕвезди трептеа,
од заби бисер ронеше!
Кога ја виде пашата
тешко му падна на срце:
– Девет сум села прошетал,
вакво моме не су видел,
воа е лика за мене.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Димитар Каровски, роден 1922 година во с. Груниште; 1953-та имаше 31 година.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu