ПАШКАНАТ – PASTINACA SATIVA

Booking.com

Пашканатот е двегодишно зељесто растение кое има голем, вретенест корен, во жолтеникава боја.

Стеблото е право, избраздено, во горниот дел разгрането и е високо над 1 метар. Лисјата на билката се издолжени, јајчести и крупно назабени. Цветовите се собрани во штитесни соцветија и имаат жолта боја. Плодовите се сложени шизокрпи со по две полуплодчиња.
Пашканатот расте како дива билка, на влажни места во повеќе видови и подвидови, од кои повеќето се отровни.
Пашканатот кој се култивира не е отровен и може да се користи како лек и зачин.

paskanat

УПОТРЕБА:
За лек се користи коренот, плодот и листот.
Пашканатот делува како хипотензив, диуретик и спазмолитик. добро влијае на срцето при ангина пекторис и стенокардии. Пашканатот го подобрува апетитот и варењето на храната, како зачин се додава во чорби и супи бидејќи има пријатен мирис и вкус.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com