ПЕЛИН (БЕЛ) – ARTEMISIA ABSINTHIUM
ЦРН ПЕЛИН – ARTEMISIA VULGARIS
КОМФОРЕН ПЕЛИН – ARTEMISIA CОMPHOROTA)
Пелинот е повеќегодишно разгрането растение, високо до 1 метар.
Лисјата му се перјести и со мали дршки, нежно кадифесто влакнести. Цветовите и се ситни и жолти. Пелинот расте на суви, каменести и сончеви места. има јак и пријатен мирис и многу горчлив вкус. се собира од јуни до септември.
СОСТАВ:
Пелинот содржи етерско масло, горчливи материи, витамин Ц и Б и провитамин а.
УПОТРЕБА:
Во народната медицина пелинот е доста популарна лековита билка, а се употребува како средство против цревни паразити, глисти, гастритис, чир во желудникот и дванаесетпалечното црево, при зголемување на шеќер во крвта, жолчка, црн дроб и панкреас.
Пелинот ја предизвикува менструацијата и затоа се препорачува кај жени со слаба менструација, а не се дава на бремени жени и мали деца. во народната медицина се употребува и комфорен пелин (Artemisia cоmphorata) и камоника или Црн пелин (Artemisia vulgaris), кој се употребуваат воглавно за истите цели.
Пелинот се употребува и за производство на ароматични ракии пелинковци и вермут.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com