Пешта – с. Градешница – предание од Мариово

Booking.com

Пешта е тумба над селото Градешница, на северната страна. Таму имало римска населба, беден и кула, има ѕидишта кои биле ѕидани со вар и песок.

Влезот на тврдината и бил од кај исток. Имало и црква од која денес можат да се видат основите на ѕидишт.ата. Во турско време тврдината била неосвојива и со големи сили Турците напаѓале, но не можеле да ја освојат и да ги покорат нејзините жители. Тајната им ја открила една баба. Таа им кажала дека жителите на Пешта земаат вода од спротивната планина и дека ако им ја пресечат водата тие сами ќе им се предадат. Вода пештанци носеле со подземен канал од месноста Ќутова мочара, некаде по месноста Кравица Бабата морала да им каже, зашто Турците го тепале мажа и. Им рекла: “Земете една маска, чувајте ја без вода три дни и три ноќи и одведете ја таму. Таа ќе ви каже каде минува водата под земја”.Така направиле. Ја нашле и ја скинале водата над месноста Брен и таму направиле чешма, извор кој и денес има ладна планинска вода. На Брен има манастир и се оди таму за Свети Илија На светецот му носеле курбан. Манастирот постои и денес.

 

Booking.com