Откријте го Мариово
ПЕТРОВЕЦ – AGRIMONIA EUPATORIA (СИТЕН ЧИЧОК, КАМШИК)

Петровецот е повеќегодишно зељесто растение кое е високо до 1 метар.

Лисјата се перјести, на опачината се влакнести, а стеблото е исправено. Цветот има жолта боја и цвета од јуни до септември. Петровецот има пријатен мирис.

petrovec

УПОТРЕБА:
За лек се собира целата билка.
Петровецот се користи при болести на уста и гуша, како диуретик, при болести на бубрези, камен во жолчка. За хепатит, болести на црниот дроб, цироза, за болна слезина, против рак, за воспаление на цревата и болести на желудник, гастрит и колит.

Исто така, петровецот се користи и за лекување на рани, срцеболка, каснување од инсекти и змии.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu