ГРАВ – PHASEOLUS VULGARIS

Booking.com

Гравот е едногодишна зељеста билка, со исправено стебло, високо до 70 см, или ползаво до 4 метри.

Лисјата му се наизменични, јајчести, на рабовите цели. Цветовите можат да бидат бели, розови или виолетови, во гроздести соцветија.
Плодот е мешунка со доста семки, претежно во бела боја.
Оваа билка се култивира.

grav

 

УПОТРЕБА:
За лек се користи мешунката, за намалување на шеќерот вo крвта. исто така, може да се користи како диуретик, при ревматизам, гихт и отоци по нозете, намалување на крвниот притисок. Семето на гравот се употребува како храна, богата со белковини, аминокиселини, скроб, минерали, витамини и има голема хранлива вредност.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com