Пирејот е повеќегодишно растение, кое е високо до 1 метар, има развиен ризом и е многу жилава.
Лисјата на пирејот се тесни и долги, а цветовите се густи соцветија во вид на клас на врвот на растението. Пирејот расте како плевел по ниви и ливади и до 1500 метри надморска висина.
УПОТРЕБА:
За лек се употребува исушен ризом кој се собира во пролет или есен.
во народната медицина пирејот се користи како лек за бронхит, бронхопневмонија, астма, туберкулоза, грип и слично.
Пирејот е добар, особено за лекување на воспалителни заболувања на бубрезите и мочниот меур, за исфрлање на ситни камчиња и песок од нив, a од жолчката ја исфрла мочната киселина па поради тоа е добар за лекување на гихт и ревматизам.
Сок од пиреј е добар за прочистување на крвта.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com