Откријте го Мариово

Плачи Недо да плачеме,
како ќе се разделиме
ти од мене јас од тебе.
Јас ќе одам Шар-планина
со дробните шилежиња.

Ај подај ми обетките
да ги ставам на чантава,
кога ветер ќе повее
обетките да заѕунат,
тага мене да помине!
– Ти подај ми меден кавал
да го ставам во ковчегот;
кога руба ќе боравам,
тогај кавал – ќе го видам,
мене тага да помине!
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: овчарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu