Планинскиот чај е повеќегодишно лековито растение со исправено четириаголно стебло, кое е слабо разгрането и високо до 60 см.
Листовите се наспратни и долгунести, на врвот остри и со линеарни жили. Цветовите имаат жолта боја и се збиени на врвот на билката во соцветија во форма на клас.
Планинскиот чај расте на високи места, суви, каменести (со камен варовник) подрачја. Цвета од јуни до септември кога и се собира. Билката може да се култивира и со квалитетот не заостанува од оној кој не се култивира.
За чај се користи надземниот дел од билката која има специфичен пријатен мирис и вкус и е најдобар за уживање.
СОСТАВ:
Планинскиот чај содржи етерско масло, танини, горчливи материи, витамини и минерали.
УПОТРЕБА:
Се користи против настинка, грип, грозница, висока температура, воспаление на дишните органи, бронхит, воспаление на желудникот и цревата, слабокрвност, анемија. Некои испитувања на чајот дале добри резултати при срцеви заболувања (стенокардија).
Планинскиот чај е диуретик и ја подобрува работата на бубрезите и мочните патишта, помага при исфрлање на камен од бубрег, мочни патишта и мочен меур.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com