Откријте го Мариово

Петлите пејат како на самнато!
Ќе станам, тенко Тоде, ќе си одам,
Ќе станам, мило добро, ќе си одам! —

 

Полежи, бело Асан, поспиј си,
Полуби бело лице Тодино!
Прегрни рамна става Тодина,
Целувај бело лице Тодино! —

Ралата дзунат, на јорања одат!
Ќе станам, тенко Тоде, ќе си одам,
Ќе станам, мило добро, ќе си одам! —

Полежи, бело Асан, поспиј си,
Полуби бело лице Тодино!
Прегрни рамна става Тодина,
Целувај црни очи Тодини! —

Стоните дзунат, на вода одаја!
Ќе станам, тенко Тоде, ќе си одам,
Ќе станам, мило добро, ќе си одам! —

— Коњо ми висна отаде гумното!
Коњо ми писна отаде гумното,
Отаде гумно, гумно Коренковско! –

Полежи, бело Асан, поспиј си,
Полуби бело лице Тодино!
Прегрни рамна става Тодина,
Целувај бело лице Тодино!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu