Откријте го Мариово

Попленил, Моско, попленил,
попленил мома Турчинка,
на Али-бего ќерка му,
на Осман-паша сестра му.

Осман си пушта допушта:
-Селвио, сестро, Селвио,
не менвај, сестро, верата,
турска е вера поарна,
каурска вера полоша;
чивлиго ќе си продада
тебе да ми те откупа!
-He си продавај чивлиго,
израни брате децата;
турска е вера полоша,
каурска вера поарна:
ката сабота глава миење,
ката недела црква јодење;
турска је вера, брате, полоша:
секој петок, брате, џамија,
турска џамија, брате, мириса
како на сено, брате, спурено,
каурска црква, брате, мириса
како на ранјо бели босилек.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu