ПОСАДИЛА JAHA PAH БЕЛ БОСИЛЕК – лирска песна

Booking.com

Посадила Јана ран бел босилек,
од ко го садила не се вратила,
ми се вратила на неделата.

Кога го виде ран бел босилек,
орман се сторил, гранки распуштил,
гранки распуштил стадо да лежи,
стадо да лежи и да пладнува.
Оздол иде едно лудо младо
и на Јана лудо и говори:
-Ај влези си Јано в градината,
да ми набереш киска босилек.
-Ако си беќар, сам набери си,
само набери, лудо, сам киска си,
ако си женет врви по патот!
-Женет сум, Јано, како да не сум,
жена имам црна е памукла,
глава се мие нерасплетена,
дете си капе неразвиено.
Катишта мете буниште бере,
буниште бере среде куќата,
на буниште Јано, габи растат,
габи си бере зелник ми меси,
кори ми суче како вратата,
витки ми вие како гредите!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: хумористична

Booking.com