Антерис – ѓавол.
Армасани се — свршени се
балта — секирче
бадница — за Бадник зелено дабово дрво
басмарка — бајачка
бајлас – место ајљаз.
браненик — забрането место да не влегува стока
броќ, брош – трева што вапцува црнено
букар, букарче — дрвена направа зa вода
ваљафка, валаница — вид капа, како кече
војтам се – се (рас)шетам бecцeлнo.
воловарник — специјално колаче за бадник
вренгија — слаб, лош
вргливо дрво — глуждливо дрво
врзолец — јазол
врнеш — дожд
вртома — ортома
вута — престилка од една дипла
горница, горненик — бела невестинска гуња
горниште — горниот дел од чорапот
грибна — белезица
грлниче, гушале – нешто како пластрон, дел од женска носија
даровички крпи — крпи за дар
дивина — дивеч
дoмнина — покуќнина
дотка — сестра
драки — трње
дрма — густa шума, честар
дуда — женско некрстено дете
жугна, (да и жугна на Бојана) — да и поткажам, подвикнам на Бојана
жудаво место — слабо, неплодородно мссто
задојница — жена што задојува деца
завечер — приквечер
залисана — занесена, замајаина
заликаво – гален епитет за лице коешто сака да прави закачки од љубовен карактер.
застра (озастра) — утрина, одутрина
збрдно место — стрмно место
злово место — пусто место
золец — источен ветар
јакушки — куси ракави на зетовска сакма
каде — чади (ногу се каде ко да е затворено)
кадеш — чад
калезно јаболко — јаболко за канење
каленик — земјана чинија
калесник — човек што кани за свадба н др.
калци — волнени нараквици до лакти без прсти
кенде-менде – снове горе-долу бесцелно.
кис, кистбви, кишчиња — волнени реси околу раменици
клада, клади — гранка (клади се вупречиле)
клуч на нога — глужд на нога
копаница — резба
копрово метле — гумнарска метла
коринче — корка од леб
корупка — горниот дел од чизми
Кречецот — место во синорот на Бзовиќ
кривец — западен ветар
кркач — орел
крклешки круши — ситни круши
крлек — овчарски стап со кука
лагум, лагуми — ендек
латвиче — грне
лафам — зборувам
лет – можност (да имам лет – да имам можност).
манкаат се — се нишаат (се манкаат мунистата)
меденца — бакарни мониста
мененик — прстен што го дава свекорот на свршувачка
мељ, мељови — ендек
мисур — тава
мисур — чинија
мисурка — бронзена чинија
мокрач – јазик.
нетоп — полукружна направа од тенекија, што го носи невестата на глава под венецот
нишчељки — ништи
ноплици — волнен гајтан за правење коцел
обвијала, вијала — калчуни
обрус везан — крпа што ја носи невестата пред очи
овеш — емиш
оптока — служи за порабување алишта
орачи — волови за орање
палам (Рожден) — барам
паласка — метална украсена кутија
папер — лист од царевка
пералиште — место за перење
пипинги — алки
плеќарче — парче платно што се носи на грбот на сајата и почесто се пере
подифка — завиткана крпа во круг се клава на глава а над него се носи некој сад
подничарка — црепналка
подногачка (Дуње) — долниот дел на стапалото од чорап
порамници — ѓердан од пари
потка — јаток
потраталка — повраталка за разбој
потплеташка — долниот дел на стапалото од чорап
предници – предниот горен дел на кошула
прегач (Витолиште) — престилка невестинска, накитена
прегач — престилка со две дипли
преплет — горниот дел на коцелот
првица — првин, прво сефте
пржајка — полжав
прслик — здрава убава земја
пртеници — куси ѕиври
пршај — првут
пупки – колачиња за Коледе
пурде – машко некрстено дете
равен — белег за свршувачка
ронкајка — метла за трошки метење
ружало — накит
сал (Рожден) — само
сакуле — торбе
саламна не сум — здрава не сум
светелник – свешник
свртно место — убаво, родно место
скремно место — стрмно место
скупчина — собор
сновотина — основа за ткаење
ставинка — заграб
стапаљка — стапало на чорап
стасани се — имашливи се
стигна — роди
стредина — среда од леб
суроса се — се измачи
суртук – епитет што му се припишува на лице со многу несносен карактер.
танчар — тој што го води орото
токмење — веридба
тој ја избугари – кога некој ќе направи нешто што не е во ред на нештата.
топка — куп (збери го на топка)
тури-борави — бакрданик
угу — само
угу сама — сосем сама
уполовена кошуља — проветвена кошула
устрелина — болест
цапина — направа за сечење дрва
цинциле – потекло по род.
црнило — саѓи
чашка — дрвена чинија
чуреш — чад
џепаљка — процеп за џеп
шљупка — лушпа, корупка (шљупка орејова)
штира — што не раѓа, јалова
ѕиври — волнени доколениии без стапала
Изрази
да знам петелот от гредите ке го продадам, ама за назад не оставам – за да ја покажат спремноста со којашто некој го жртвува и најмилото за да сврши некоја работа.
ни пците не го јадат – за нешто сосем лошо.
што кукнало не пукнало – презрив израз за лица коишто се намразени поради пакостите што ги прават или поради семејна омраза и чиишто родители ги очувале живи и здрави од прво до последно.
орлите ќе се виат нат тебе (или: орлите ке се вишат нат тебе) – кога жената гневно заплашува некого.
жена, желка на меот да ти (му) застане – на неспособно дете коешто претендира на жена. Сметаат дека е срамота да говори зборови од сличен вид.
кај туку брејш по белобрези? – кога мајката го кара своето дете, коешто, против волјата на своите родители, го поминало времето залудно и во бесполезни талкања.
што си зграјасал – за да ја осуди мајката строгоста на детето или воопшто за да ја одбие желбата на некого што и изгледа неприемлива.
се воомјази – за човек којшто е изненаден од нешто или пак којшто е ненадејно уплашен.
Сложена реченица составена од само 10 букви 🙂 – Жт дг вк пн би (превод: Жолт (жт) долг (дг) волк (вк) полн (пн) болви (би) )
Презeмено од:
„Мариовскиот говор“ Милица Коневска, Филозофски факултет Скопје, 1951 г.
Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов
Booking.com