Откријте го Мариово

Имало некој арамија Стојко Рабе од Вепрчани, излегол за да бери пари од чорбаџији. Тој шетал по планини, одил од село на село, ваќал луѓето и му сакал пари да ји пушти.

А инако, ако не му давале, ји колел. Дошол Рабе арамија во Дуње и му зел на неколко мина побогати многу пари. А тије што не му давале, му влевал дома ноќе, на глува доба, полноќ време, валел оган силен, клавал вршнико да се гори и му го клавал на домаќина на глава за да го мачи, а и му пикал од борина спици под нокти. И, сакал-неќел, ќе дади пари колку му сака; а ако не му дава, ќe умри нод горен вршник, не се траје од мака.
Полошо не можеше веќе да биди од тој арамилак. Се договориле неколко мина сељани со селскијо кмет: ќе го фанат арамија и ќe го умрат. Оделиле некоја кyќa празна и му порачале на Рабе арамија, во таја купа вечер да појде, ќe му ји донесат парите тамо. И он се излагал. До шол во Дуње ноќно време, отишол и влегол внатре, во таја пуста куќа, со три мина другари.А тије што го чекале, од-надвор го затвориле, му клале жапките на вратите и ја запалиле куќата од се четири страни. И тој Рабе арамија изгорел со дружината негова; викале, пиштале и живе изгореле внатре во огно. Така правил, така нашол!

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu