РАДА HA ПОРТЕ СЕДЕШЕ – лирска песна

Booking.com

Рада на порте седеше,
криво тентеле плетеше,
љубовна песна пееше.

Оздола јидат војници,
војници луто ранети;
војници велат говорат:
-He седи Радо на порте,
не плети криво тентеле,
не пеј си песна љубовна,
момчетоти еубито,
среде планина Пелистер,
кај таа стена црвена,
кај таа чешма шарена,
на таа мрежа теловна!
Викнала Рада да плаче:
-Оф леле боже добога,
проклета да е Франција,
та што ми момче погуби!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: семејна

Booking.com