Уредник ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ
НИК „НАША КНИГА” СКОПЈЕ, 1976.
ПЕТРЕ АНДОВ
— У, бре! a! a! a! a! a a a! Ехе, хе-хе-е-е-е-и! — Барѕа кузи-и-и-иии! В’кот ќе те истури шо си се загнала како некоа бесна кучка напред по дабјето. Ќе се најадиш желади, ќе ти се расцепе требушката, в’кот ќе те изеде, — се провикна козарот Петре Андов едно есенско утро, појавувајќи се на Високата Стена над Осојот во козарниците крај Црна, каде козарчето Петко Алов ги урна козите да поручаат повеќе желади отколку шума и брст, од старите благунови дабје.
Козите пливнаа од кај Драчевица нагоре по Осојот и се наттрчуваа која побргу ќе стигне под дабјето да ги обере накапаните желади од ноќеска.
Есенското сонце само што блеснало отаде Книнската Скрка, па присојот ја шмука, како со сунѓер, утрешната роса од лисјето и тревата, но Осојницата не може да ја опфати оти Високата Стена држи сенка од Крстовден до Благовец и така, сега росата и зиме снегот немаат никаква мака од него.
Петре застана на стената, се потпре на германската манѕерка готова секогаш да се насочи онаму каде ќе шушне нешто во гората. Петре е стрелец, куршум низ прстен провира, што се вели, та не еден волк, лисица или орел го платија со кожите својот обид да грабнат некоја коза или jape од неговиот булук. И утринава Петре се провикна од стената и ги фрли очите во целиот осој, кој, од стената, му се гледа како тепсија. Но ноќеска не посмеал да влезе во оваа негова територија никаков друг шум во Осојот. Неколку осојки од галишките ридишта, Петре не слушна никаков друг шум во Осојот. Неколку осојки счврчореа под него и летнаа од еден даб да застанат на друг, но тие беа секидневни негови другарки со кои тој си правеше разговор.
— Mope, пипот ќе те вати ако ви а наврта манзерката, токо нема зошто; ни месото ви се јаде, ни кожата ви се дере — им се врекаше Петре, кога нивното шушкање во гранките, дури да летнат, го тревожеше.
Неговата сенка од утрешното сонце ја преминуваше Црна, та, таму негде во галишките лаки се оцртуваше едно човечиште од педесет шеесет метра спружено на земја.
Петре седна на стената и ја извади кутијата, си направи и запали цигара. На чадот од цигарата се насобраа пчели и почнаа да му брчат околу главата и да му досадуваат.
— Ајде, златни, ајде, стоко, одите ми долу во Осојот, ете тамо ошче с’нцето не а има мааната опечено. Соберете некоа капка медец и чичко да се облаже, — им зборуваше Петре слатко на пчелите, убеден дека се од неговиот улјаник. Пчелите како да го разбраа, забрчија и се спуштија надолу во Осојот да ја извршат порачката на својот пазител. Некои од нив ја прелетаа Црна и се најдоа отаде река, каде по драките паѓаше повеќе маана, та сметаа дека повеќе мед ќе соберат, и за Петрета, и за нив, оти, ете, зимата е на прагот: треба да ја пресретнат приготвени.
Спроти него, преку река, во лаката каде што паѓаше неговата сенка, излезе од колибата селанец, не постар од Петрета, долго време непроменет, со свињски опинчиња само на прстите, и се протегна пред колибата.
— Охохо — викна тој повисоко да го слушне Петре. — Mope, ами су се успал воа утро, бреј; — и ја кладе раката на челото над очите да не му блешти сонцето и да може да види кој вика на стената. Ја крена главата нагоре и го виде Петрета каде седи и тутун си пуши.
— Стана ли, Петрееиј — се провикна со риптав глас и тргна преку лака кон реката.
— Mope, јас стана, Стојко, токо ти кај си, стопанка му, толку шо си се успал. Да не ти дојде невестата та не те пушчи порано — се нашегува Петре со Стојка, бидејќи Стојко немаше невеста.
— Mope, каква невеста, побратиме, кај да а најда, кога не водиш некоја откај ваше село, — одговори Стојко.
— Mope да доведа, токо ногу драки има по тоа вашето место, та се плашат нашите моми да не си и избоцкаат нозите оти му се дебели, брејвикна Петре и стана од стената на нозе, очигледно расположен да скрши некој и друг лаф со козарот Стојка.
— Ами оти не си ти денеска со козите, бре, кој ти е козар или и даде на руга негде? — го праша Петре Стојка и тргна кон козарниците да ги позапре козите, што како луди трчаа од даб до даб.
— Ај слези долу да дајш баре некое луле тутун, та чупа не давате вие, витоливци, што не давате — се провикна Стојко и ја наближи реката.
— Слези да се полафиме одовде на с’нце, не глеаш кај тебе веќе и ќе ослани за некој ден и друг.
—Ај ќе слеза, ајде токо сака да се субувам, не глеаш и таа пустиња оживе та не се прескака веќе — одговори Петре и тргна надолу по козјото патче, потпирајќи се на манѕерката.
Од капината под кладенецот во Козарниците скокна зајак и прејде спроти Петрета под Сокаровите колиби. Стојко прв го виде отспротива и му викна на Петрета:
— Држи, побратиме, дека и така не су јал месо од вчера, да направиме некоја каша денеска .. .
Петре ја насочи пушката и не го дочека зајакот да застане; тргаа и се загна надолу преку драки. Виде дека дивото живинче беше на место удрено.
— Ете го, ете го, — викна Стојко, — брго долу во долчето да не се свапири да ни пропадне ручокот, бреј!
— He бој се, не се свапирува тој шо ќе го ждракне мојто око! —
Откако го најде зајакот, Петре слезе до лу на реката, а Стојко веќе беше се измил очи и го точеше ножот од еден белутрак.
— Ајде, побратиме, собувај се, прејди, та за дерење не бери гајле, јас ќе ти поможа. Ама и на јадењето да знајш.
— Така нека биде, токо кој ќе се собува. Па не оти има шо и да собувам. Чарапите и така ми се изгужвени, колку за адет и носа, а виа стопанкини биволцки пинци се исушиле, ми и изглодаа нозите. Ами чекај, ќе си загаза као човек, со се пинци, таман и пинците ќе ми омекнат. Па и денот е убав белки ќе се исушат чарапите до вечера.
И Петре и влезе на Црна на Римчевиот рид така како што беше обуен, со пушката на рамо, зајакот во десната рака. На крајот на реката го „искапа” зајакот да му се измие крвта и да се „излади да не му е горештина”. Ја прегази Црна, ги удри нозете од ледината и му го бапна зајакот на Стојјка.
— На, јади му и ушите. Дери го, вари го, печи го, шо знајш прави му, мено ручок викај ме — и седна на брегот да ги цеди чорапите од водата побргу да се исушат.
Седна до него и Стојко со отворен и наточен нож.
— He бери гајле за дерење, варење, печење, — му вели на Петрета. — Ти само тепај и носи вамо кај мене, јас ќе бида готвач. А и за јадење ќе ти поможа па ако сакаш и другари ќе си најдиме. — При последниве зборови Стојко го поснижи гласот што на Петрета не му откина од острото овчарско уво.
— Нејсе де, ти зготви та за јадење кој ќе дојде — добредојде — одговори Петре и ја извади кутијата и една здиплена „Целокупна Б’лгарија” донесена од дома за виткање цигари. My ја подаде на Стојка и овој го наполни бозеовото луле и му ја врати на Петрета, кој си завитка и запали цигара.
Стојко тргна неколку пати и дури на третиот, четвртиот пат пушти дим низ нос и низ уста:
— Охохо! од кога се немам опчурено. Токму ми те донесе господ за денеска. He су бил дома одамна та немам тутунец. Па и виа, нашите братиња, брадва да и пресече, не не оставаат да си издробиме од овој дивиот, ами само цигарети бе, цигарети и со нив ни ја дерат кожата, пезевенците ниедни. Токо ќе му го видиме грбот и на ниј — се поутеши Стојко и му стана на зајакот да го дере.
Се засука човек, дери, дери, нигде куршум да направил рана. My го издутна и вратот и дури кога почна да ја дере главата виде дека е удрен право меѓу уши.
— Тиии, бре побратиме! Како да си знаел да не го расипиш месото, та си го истурил само мозокот — го испофали Петрета, а овој се протегна на ледината и одговори:
— Ами зошто ми е месо измешано со заечки лепешки и ж’шка да горчи? Ако јада, месце да јада; не како некои ловачи, устури му и цревата внатре па после оди чисти го или јади со се смрѓава!
Стојко го одра зајакот, му ја извади утробата и цревата, ги фрли по река и убаво, убаво го изми месото. Бидејќи главата беше повредена од куршумот ја пресече и ја фрли и неа во реката.
— Охохо, како сугарче изгледа, — се провикна Стојко — ем види што е дебел, бесот да го вати, коа да си го крмел со козите.
— Ами зар така мислиш?! Јас мојте зајци си и крма, си и зобам за да јада убаво месце — гордо одговара Петре и чкрапна со огнилото да фати оган на секалта, оти беше му се изгасила цигарата.
— Е па добро, ете го готов курбанот, шо велиш ти сега; ќе го печиме, да сеча ражен или ќе го вариме, да барам котле. Токо, печен заек непара се јаде, ами ај да го свариме, та имам ошче троа сланинка, ќе запржиме и ќе го направиме каша. А и шо ти реку, може ќе имаме и некој гостин на ручок, шо велиш ќе му дајме ли некое кокалче да гризнат или да не и кана со туѓа пченица за душа. — Пак Стојко го мени и гласот и лицето кога ги спомна и гостите.
—А бре, ами оти да не му дајме, Стојко, токо шо госје се, слепче, овде на кулибата, селани се или некои од ганчовци. — My се заѕвери Петре сега на Стојка право в лице за да разбере зошто Стојко го менува гласот кога ги споменува гостите.
Стојко се направи сиот во шепот. Се доближи уште поблиску до Петрета, иако беше блиску, та можеше дури и од самото отворање на устата да се разбере што зборува и почна да му шепнува:
— Mope какви селани, брату, какви ганчовци, токо нашите — дивите нападнаа виа дни ваки, та ним да му дајме да каснат пресно месце. Ете неколку дена јас каде и врта вадеа само со суј коромани и потроа млекце. . . Токо лели удриме на муабетот, ете, ти се испушти јас тебе, сега твоја душа — твоја бога, ако го изнесиш намегдан, а запустиме главата, та сермиата, стопанка и, нека крши вратот. Ама мене ми се чини и ти да не и мирисаш ганчовци и ако не ти а зимаат пушката. — Заврши Стојко и тежок товар му се симна од срце. Сега веќе ја подели грижата за „дивите” уште со еден како него. Навистина и Петре како Стојко непара ги мирисаше ганчовци.
— А бре, да му се запусти името и да му се заличи семето, да даде господ златен. Неоти од сега ми и пизми душата? Кога ќе се сета какви маки му дадоа на татка, бог да го прости, колку ќотек му ударија на обата со стрика Стоана во онаа војна, кога ни ја ограбија сета сермијка шо беа а спечалиле старите, крвта зовира во мене. И тоа се така:
Дај бај Андо, двајсе лири да не го убиеме брата ти шо беше андартин; дај, бај Андо, десет лири да не го интернираме брата ти, дај, бај Андо, пет лири да не го интернираме целото семејство како гркомани. Се знае ли какви заплашувања не му наврзуваа на татка, бог да го прости, дури да му а земат калта под ноктите и на крајот на краиштата, ем и скинаа со ќотек, ем го интернираа стрика во Бугарија. Татко умре, бог да го прости, може и од ќотекот да му се стори себап, стрико три години интерниран, та душата ми опикаса како и израни јас мајка и сестра ми, маки мачејќи. Mope, кога ќе се сета на тоа време како и тепаа татка и стрика дома долни крај; како се молеа и се виткаа, сиромаси од болови; како после кршеа прсти со мајка; како и молеа сете роднини и пријатели за некоа пара да се откупат ѓоамити да не јадат ќотек и да не и интернираат, крвта во мозокот ми навира, мајчето нивно расипано… Ми се чини како сега да го гледам татка, сирома, спружен сред куќи под долното било како вол, a тој старшијата полицејски, мајчето негово, удри со стапот небаре царевка чука. Пишчи татко, пишчи мајка сирота, моли, коли, пишчи ние децата околу нив, дури не ми удри и мене еден стап преку плешки. Е, луѓе, ми се чине оти ошче не ми е зарастено сињилото и после двајсет и пет години, името да му се запусте, да даде господ златен. Па, ете, сега виа, нивните копилиња, по толку време пак дојдоа да не јадат, краста да и изеде и мулиа.
Јас реку, ќе и заборава тие страдании, a белким и они не заборавија толку години, ама, ете, ошче со идењето пак а побараа нашата куќа. My кажале татковци му, да му се урнат гробовите, и пак каснаа од нас, краста да и јаде… Ете, ошче со првото стапнување на вој пес, кметот, удри по мојот грб. — Ќе дадиш — вели сега па он како тогаш старшијата на татка и на стрика. — „Ќе дадиш едно агне да испечиме, зашто сме те ослободиле”. — Co јагнето требало и мас да се тучи кога ќе се печи, потоа требало погача, баница, ракиа, вино и обидинајди, од кого?. Од бај Петре Андов, од дјадо Стојан Андов, како само тие да живеат во селото, како само тие да се осудени да даваат и шо имаат и шо немаат. За сете виа работи и за сете други нивни батакчилаци, толку ми и намразила душата, та неќу на патот да и сретна.
По овие зборови од Петрета, Стојко се поуспокои и му поткажа уште нешто за „нашите диви”.
— А бреј кај одат, сиромаси, во ваа пустелиа овде, колку се, какви се, шо јадат, одамна ли се вртат водева, оти не си ми жугнал порано, белки и јас су човек, да поможа ако можа со нешчо? — го засипа Петре Стојка со ред прашања:
— Mope ми, шо ќе ти жугна, стопанка му, те глеам секој ден со пушка, пукаш, трчаш тепаш, кој знае да не си влегол во бечвите на ганчовци. Токо сега лели а донесоме до тука, на душа ти. Јас мисла оти ганчовци ќе си одат, ние со тебе ќе си останиме комшии и браќа, та не ќе сториш кабул да му а запустиш, на еден брат и комшиа, и куќата и главата.
На Петрета му се сторија непотребни овие Стојкови зборови.
— Ајде, бегај оттука, абдал еден. Ако се сете векот како некои кодоши, таман работа. Токо ајде земи, земи го заекот зготви та да ручаме заедно, ако ме декшаваат тиа, твојте госје, и мене. Та од пушката нека не се плашат. He пука таа на секого.
Петре беше потчул од некои си книнчани дека пред некое време станала некаква ѓурултија на лесата книнска; натрапале некои „наши” на Ганчова пусија, се чукнале и паднал некој и друг Ганчовец, некои ранети одвлекле долу Полошко, ама салам не знаел тој, или поправо не сакал да му објасни. Но Петре си ја кладе таа новина в пазува и еве сега нешто поблиску излезе.
— Е добро, добро, Перо, лели толку ми даваш збор ете и јас не се плаша веќе од тебе, а ќе те заведа кај тиа наши госје, но да не се исплашиш ти од нив — му рече Стојко.
— Ајде бре, влечко, ќе се плаша јас од наши луѓе. Та нели велиш оти тие се деца, од Тиквешко ли, од каде?. — И стана Петре потпирајќи се на пушката.
— И за секоа твоа и нивна сигурност еве, глеј. — И почна да ја празни пушката:
— Ha; не, не, дај ми го ти мене заекот, земи а ти пушката. Оти да и плашиме луѓето? — и му ја даде празната пушка на Стојка, а го зеде зајакот и двајцата тргнаа преќу лака кон Стојковата колиба.
На двајцата козари им туптеа срцата. Стојко се возбудуваше од две страни: едно што придоби еден човек за „нашите”, а друго, спротивно на ова радосното, плашливо, дали Петре не ќе се испушти некаде, макар и не сакајќи, та место помош да направи пакост. Ама таа се стори. Враќање назад нема, и да сака. Ќе се оди напред та до кај ќе излезе, нека излезе — си мислеше во себе.
Петре се возбудуваше дека и тој ќе ги види „нашите диви”; дека ќе разговара и ќе чуе кај одат, што прават, зошто излегле да тргаат маки по овие пусти ридишта и долишта, а најмногу го радуваше тоа дека и тој ќе може со нешто да помогне што побргу ганчовци да си одат.
Молчејќи, ѕевгарички, се приближија до колибата од Стојка што овој ја беше оставил отворена.
Петре очекуваше да најде во неа навален огин и покрај него наседнати комити, на чело со војводата, со бели бечви, со црни гајтани, со бради до појас, јанински опинци со пуфка на врвовите, куси малихери и крст патрондаши какви што ги виде на Уриетот комитите од Зојката кога се прибраа од планина, или пак со широки фустани бели — црни измастени од лојот на јаловиците и бравите што ги печеа, со сребрени ќостези, решмиња по градите подресени со бели череци и половини лири, каков што си дојде, пак на Уриетот, стрико му Стојан андартинот.
И кога ја наведе главата и влезе во колибата, неговите очи веднаш го побараа огништето за да ја види сликата што си ја замислуваше. Веднаш се отстрани од зад Стојка некако го окисели лицето кога не виде ништо од она што си претставуваше.
— Mope, бреј! Ами вака ли ти мене ме маслоса? — My се врекна на Стојка и застана насред темната колиба. — Камо и нашите диви? Или сакаш боја да ми тргаш на пријателство. Орман ќе ватиш, не ќе се вратиш, ако ми предиш на зимо по оген. Ќе те остава да ти измрзни семето бреј! — Божем се нашегува со Стојка, а во душата навистина сети навреда, едно што го излага Стојка така вешто, а друго и повеќе, што можеби Стојко од недоверба се уплаши па се попишмани што му поткажа.
— Дај, дај, чкрапни, вати секал да зема јас троа слама од мутлите да го запалиме огнот оти беше ми угаснал ноќеска, та не токо пцалај ми тука како поп Трпе на гробишчата. Та дали те маслосувам или бојадисувам, има време, ќе видиш.
И Стојко отиде да извади рака слама од покривачот на колибата, а Петре зачкрапа со огнилото на кременот за да се зафати нехоја искра на секалта. Удри некој десетина дваесет пати, фати секалта и Стојко ја зеде од Петрета, ја завитка сред слама и почна да ја мавта со десната рака да се распали.
Петре му се фали дека одлично огнило и кремен има и му ја повтори познатата тиквешка приказна со доброто огнило и секал („а чакти, а тути”): од Возарци до Кавадарци мавал бегот со огнилото на кременот и „како барут пустињата фатила”, ама кога ги погледал прстите под Кавадарци: капеле црвена течност. Ги сокапал, чкрапајќи десетина километра, дури фатил наеднаш како барут,, — а чакти — а тути”.
Дури Петре ја раскажа оваа приказна, сламата се зачури, а после пушти и пламен, а Стојко веќе ја кладе во огништето и кршеше смрекови вејки. Огинот в час се вивна и ја осветли темната колиба. Петре ги фрли сега очите долни крај на колибата и побара она што не го најде на тланикот, но и таму не виде никого освен магарето на Стојка, врзано за јасли кое залипа, молејќи го Стојка да го пушти да се напие водичка и скубне некоја и друга уста од есенската стара трева и трње по лаката.
— Седни, побратиме, седни добро дошол. Сега си гостин кај мене. Кога ќе дојда утре јас кај тебе па ти ќе ме служиш — му вели Стојко на Петрета и му го подаде тисовото столче со три нозе.
Петре седна со зајакот в раце и се некако му недостасува нешто.
— He стегај се, баму белјата, ќе и видиш — му вели Стојко, којшто виде дека Петре нешто се возбудува.
На Петрета му се поврати спокојството. Седна покрај огин, му го даде зајакот на Стојка и ги заплана рацете на пламенот, иако не му студеа.
— Mope, не се стегам јас за стегање, токо шо ќе биде поназад, нека биде понапред, — одговори Петре и ја извади пак кутијата и завитка цигара, та му ја даде на Стојка и тој да го наполни лулето.
Стојко го зеде зајакот од Петрета и го обеси на колот над огин, го симна котлето од другиот кол и почна да го сече и готви за варење.
— Да и бројме парчињата да не остане некој зелен во очите — му вели на Петрета, и почна да брои. — Едно, две три, четири, пет…
Петре гледа колкави големи ги сече Стојко и заклучи дека „не се голема чета”. — И кога Стојко насече седум осум, Петре веќе го знаеше бројот на „дивите”, „Ја пет, ја шест, повеќе не можат да бидат”. — си рече во себе.
Стојко го обеси котлето на куката, што служеше место верушки, и донесе дрва од долни крај да го навали огинот за да се вари зајакот.
— Така! a! а! нека крка сега котлето, a ние да излеземе малку на ава, оти коа темно ни е во колибата.
Стана и Петре од столчето со цигара в уста и обајцата излегоа и застанаа пред колибата.
Е, сакаш да и видиш нашите диви? — го праша Стојко Петрета — само да не се исплашиш оти многу мина се плашат од дивина.
— Ајде бре, амак, не терај шега со мене. Какви диви ти знајш, токо ете ме бајдиса преѓеска и јас, будала, ти поверуа, та дури и пушката ти а даду. Токо ако; лели сме комшии и јас ќе ти тргнам некој брич за тоа, не ти останувам борчлија, — му одговори Петре и го накисели лицето.
— Е, море, маж биди, не лажи се, велат старите, а за бричот што ќе ми го тргаш, гледај наточи го поарно да не треба ти да бричиш со него. Токо, ајде, ајде, остави и шаките, ами ајде да кренеме по некоја вејка од сламарникот оти ној твојот заек кој знае колку е стар. та ќе требат дрва да се сваре. — И тргнаа двајцата преку лака кон горниот крај, каде беше гумното крај река, а до него копа слама заградена со вејки. Уште нестигнати до сламарникот, зад копата излезе млад човек, скоро дете, во сокинати мариовски алиштенца, со црно каскетче на глава и почна да се треси од сламата. Очигледно ноќеска спало во копата. Го прескочи градежот и слегна на реката да се измие образ.
Петре го виде, не му обрна внимание, мислејќи на некое од козарчињата на комшичките колибари.
Кога понаближија, од копата излезе друг човек, поголем, пак мариовец до половина, со бели гаќи, чорапи, кошула, a гope облечен во некакво градско палто и пак качкета на главата. И тој го прескочи градежот и слезе на реката да се мие.
— Што бараат вие луѓе во сламата? — се помисли Петре и пак си продолжи со Стојка да си прави муабет.
Кога дојдоа Стојко и Петре во западниот дел на копата и се прогледа водата на реката, младите луѓе се враќаа измиени, носејќи во десните раце војнички матари со вода. Кога ги виде Петре овие двајцата со матари в раце, му падна нешто сомнително. „Кај одат вие луѓе овде и за кого носат вода во сламата?” — се запраша и како сенка му светна мислата дека овие се дивите од Стојка, ама како што светна, така и се угаси, бидејќи овие две деца никако не личеа на комити. „Та какви комити ќе бидат деца? Камо му ги пушките, патрондашите, дулбиите? He џанум! Сигурно Стојко се шакува со мене, токо ако, ќе си го задрндора и јас него со нешто” — се возбудува Петре и веќе сакаше да вади вејки од градежот.
Стојко пак му намигна на Петрета кон децата и ја фати „портата” од градежот на сламата и го викна да влезе во сламарникот.
Ела, ела, побратиме, и не плаши се. Те гледам оти многу страв те фатил, токо збери си а душата. Ќе се научиш и ти со ним како јас што се научи. — И го фати под мишка, та ја заобиколија копата и најдоа на нејзината источна страна.
Крај самата копа Петре виде три легала празни, а двајца луѓе уште не станати. Закопани во самата копа слама само главите им се гледаа. А третиот од станатите повозрастен, со тиквешки алишта, се миеше од едната матара услужен од едното дете, што донесе вода од Црна.
Доброутро, бре јунаци! — ги поздрави Стојко — ка си поминате ноќеска, ви пристуде ли во сламата? — ги праша и со шака се извини оти не може поудобен стан да им даде. — Прошчавајте моот колибарцки домаќинлак толкав е. Колку да сакам, ете не можа поубаво да ве пречекам.
— Доброутро, доброутро, Стојко, простено благословено, баго мата, ногу убаво си поминаме. Виа сламата топли како најубав јорган, одговори едниот од тие што лежеа. — Еве ве, нам ка ни се заарни, не ни се стануе. —
Рече и Петре доброутро се уште зачуден, што ќе бидат овие луѓе. Но пак по мариовски обичај им се приближи, прво на тие што се миеја, па после на тие во копата и со сите направи здравоживо — фаќајќи со секого рака.
— Еве, го, бре јуначиња, тој козарот што ви веле пред некој ден. Вој е Петре Андов од Витолишча шо не плаши со пушката. — А на Петрета му се обрна:
— Еве и, бре комшија, виа се тие дивите, комитите наши, што ти веле оти ќе ни бидат госје на заекот.
На Петрета пак не би му се фатила вера, ама, кога се ракува со тие од сламата, тие веќе на половина се исправија и Петре виде под нивните глави кундаци од пушки, па фрли поглед и кон леглата на станатите, та и таму назре пак цевки од пушки и еднадве бомби како јајца во сламата. И немаше веќе сомнение „Тие се”, заклучи Петре и проговори:
— А бре, нека се живи, сиромаси, току кај одат вака сами печестина, бре! Леле! мајко ти мила, што ме стра да не нагазат на виа пци, ганчовци, не глеате ли токо акаа коа бесни по орманот, бесот да и вате. — Очигледно Петре се загрижи.
— Ами зошчо сме ние со тебе, лели затоа да не нагазат — вели Стојко.
Петре виде на сите лица голема истоштеност. Двајцата повозрасни луѓе не беа бричени одамна, та брадите и косата ги правеа многу постари одошто беа навистина; младите уште немаа намустица и брада, но косата беше ги најавнала така, да им се лепеше по вратот и околу уши од водата со која се измија. Петтиот член на ова необично друштво изгледаше дете како оние двете, ама Петре наеднаш позна дека тоа дете не е како оние другите две. Лицето изгорено, издраскано; устите подгорени, и испукани, а очите некако поживи. По бледилото на лицето, танкото вратче; како и по црните веѓи, како пијавици, Петре наѕре дека тоа не ќе биде машко.
„Мајката, и чупиња да водат виа нашите кумитчиња?!” — се праша со недоумение тој.
„Не е лага, воа не е машко” заклучи Петре. „Токо кај го водат вие браќа со нив?”
Се собраа сите околу женското, но Стојко ги предупреди дека е ризично сите на едно место дење да се наоѓаат, та двајца испрати во колибата да го варат зајакот, едниот над колиба на ритчето во драките на стража, а само женското и едниот од постарите останаа во сламарникот со Стојка и Петрета.
Пред тргнување на своите места децата си ги извадија од сламата пушките, торбичките со фишеци и по некоја бомба и така оружани ја извршија заповедта од Стојка.
— Е како сте бре, другар, како поминуете со ганчовци? — го праша Васил ( така се викаше тој што остана) Петрета.
Петре првпат слушна непознат човек да го вика другар и пријатно му стана од тој израз. „Еве ве! Co едно видување и другар ме направи вој брат. Да не мисле да ме собере со него” — се позамисли Петре и некако мило му стана да тргне со нив, му се стори голема чест, гордост, крвта му зовре и осети некаква неизмерна сила во себеси, на која не може никој да и се спротиви. Та пушката ете му ја во колибата, пазамарката и сите џебови му се полни со фишеци, само уште бомби нема, за да биде сосема оружен како другарите. После, тој тепа, ете, зајак на бегање, а како ли оние пезевенци — полицајците да не ги погоди, ако ги донесе ѓаволот да го бркаат. Па кај можат и да го најдат во Опстраница Петрета Андов? Тој ги знае сите пештери, сите дупки и тајни места, та ни ѓаволот не би го нашол. Арно ама, кај него се појави и друго прашање. Ако не го најдат и ако не се сретне со бугарковци, зашто пак да оди комита кога не ќе може да го оплеска барем старшијата од участакот? He, тој ако киниса со другарчињата, ќе му појде во општината и во участакот, ќе му тргне на сите по еден фишек од манѕерката и тогаш ќе намине овдека да се скрие од силната потера што ќе дојде да го бара… „Ами децата — се сепна одеднаш Петре. — Ами куќата ако ја запалат? Ами козите и колибата?”. Сево ова Петре треба да го прежала, да го фрли во огинот та да киниса. И душата му се натажи и така сневесели небаре најмилото го изгуби.
— Mope ми, арно сме, другари (и тој се послужи со истиот збор), арни да речеме. Црно ти арно, токо шо да правиме. Ете ние со Стојка овдеа и бркаме козите по воа орманот. А колку за ганчовци — ич не прашај, не чиниме пари.
— He чините вие, другар, нечиниме ние по Тиквеш, ами кој чини, лели велат тие пцета оти не ослободиле, оти да не чиниме?
— Е море, не ослободија, токо, еве, прашај го Стојка шо му оставија ваа година, та за таква слободија, по очи по глава, имаме ние и од џандарите, бамуа.
— Ами шо велиш ти, ќе требе ли да бараме некоа асли слободиа, бре другар Петре?
—А бре ми, да а бараме ако а знајте каде е, кој бега од слободиа, токо ние ли овчарите и козарите ќе а најдеме — загрижено праша Петре и зачека да слушне што ќе рече Васил.
— Е, отуамиси, ние тиквешани решиме да а бараме и еве дојдоме овдеа кај вас. Така не излагаа оти тука, кај вас со Стојка била.
— Хахаха! — се насмеаја сите тројца, та дури и другарката во сламата ја растегна испуканата и осушена уста.
— Mope ако е тука, наша е, другарче, лесно ќе си ја земиме, токо не ќе биде тука, — одговори Петре.
— Тука е, Перо, тука. Кај вас со Стојка, кај нас со другарите, кај оние тамо в село, кај ониа во градот. Но сака да посегниме да ја извадиме од огинот. Me разбираш ли? — праша Васил.
— Ами как да посегниме, бре другар, как да а вадиме од огнот. Ами ако е жешко, шо велиш не ќе си и изгориме раците?
— Е, ќе и поизгориме и раците, и нозите, и очите. He бидуе така со лесно таа работа. Слобода на пјато не се дава, ами се спечалуе со крв и со маки. Еве, ве, другарката веќе посегна, влезе со нозе да а ваде и си ја поиспржи едната нога, токо пак поарно со една слободен отколку со двете роб.
Петре разбра дека другарката — ја викаа Горица — е ранета. Го опфати жал и омраза, ги свеси веѓите, ја удри главата ничкум: „А, мајчето нивно погано, токо чекај. Дали ќе ми падне некој пред цевката на моата германка!” — и ги стисна забите како што правеше кога волкот фаќаше некоја од најдобрите негови кози — млекарици.
— Ами каде те каснаа, мори сестро? — ја праша Петре.
Горица го осети состраданието и очите и се навирија солзи, ама да не се расплаче гласно, си ја касна долната уста, и бидејќи испукана и изгорена, се растече крв.
— На лесата книнска, чичко, долу на лесата. Тамо паднаме на пусија та ме жегна малку, токо нема зијан. И со една нога ќе најда момче — се насмеа таа и почна да ја одврзува ногата да ги мени лековите што ги направија вчера во Стојковата колиба — една мушамка со лој и восок.
Васил ја преврза Горица на очиглед на Стојка и Петрета и го продолжи разговорот:
— Така, другар Петре, така. Слободата е во огинот и секој треба да помогне да си ја извадиме. Ти шо велиш, ќе поможиш или те стра да не се изгориш? — го праша Петрета и зачека одговор.
— Mope ми, шо ќе вала јас, кога сте рекле вие. Токо со шчо ќе помогна јас, шо велите. Да дојда со вас?
— Кога ќе дојде време и со нас ќе дојдиш, а засега да помагаш, еве вака како Стојка, да прибериш некој наш другар, да го закриеш од ганчовци, да му подадиш некој залак леб ако ти посака. Тоа сега од вас се бара, та за идење, сега ушче не те викаме. Ние знајме оти имаш деца и куќа, оти, ете, си и попрекршен од годините. Има Македонија синови и ќерки што ќе дојдат и со нас, но сега за сега со тоа ќе помагате. Се разбираме, лели? И ако сакате, другар, со сила никого не тераме ние, како ганчовци што збираат војска.
— Mope, ќешки тоа нека биде, за толку ќе услужиме, баму белјата, лели пусти браќа сме, што е тоа лаф. Токо, пак вие ќе ни кажуате шо требе да работиме, оти па да не a грешиме некоа, та да направиме место арно — лошо, — одговори Петре.
— He бери гајле. Ако нејќиш, никогаш нема да направиш лошо. Ете што е сега работата, — тука Васил се направи сосема сериозен. — Ние ка вртиме овдеки кај виа наш другар Стојка некоа недела, и повеќе. Виа, кучишта, поднамирисале, та кој знае дали не ќе нападнат вадеа да не најдат. A еве а ве, другарката ошче не може да оде, та ќе ни требе друг конак, да го смениме виа. Дали ќе кандисаш ти да се преметниме отаде река и што велиш на виа лаф?
Петре не се помисли ни секунда.
— Таа ли е работата, бре другар? Тој ли е огнот шо ни го наприкажа? Ич гајле да немате. Ошче сеа ако сакате да прејдиме. Кај мене одонде жива душа нема. Едното козарче мое, ене го со козите, и јас. Ќе ве пренесиме ние со Стојка и ќе ве сместа во една пешчера, поарна е триста пати од Стојковата колиба. Ем ретко кој а знае, толку е скришна — одговори Петре и почувствува леснина на душата — дека не бараат со нив да тргне, да остави жена, деца, куќа и козите.
Зајакот се свари во колибата, го зготви Стојко каша, ручаа тројцата партизани со Петрета и Стојка, а на Васил и Горица им донесоа во сламарникот.
Васил го одби Петревиот предлог денески да прејдат кај него, ами ја наредија работата таа вечер, откако ќе легнат козите, Петре да слезе долу на „Езерото” — така се викаше бродот каде што реката широко се разлева — и да ги пречека.
Васил и другарите се спремија по мракот и таман убаво се замрачи ја крена Стојко Горица крклеш и, двајцата напред двајцата назад дојдоа на реката. Петре се накашла во страната да разберат дека слегува и ги пречека на брегот. Стојко ја пренесе Горица на Петрева страна и му ја даде на Петрета како мало дете в раце. Таа сакаше да застане но ногата ја заболе и му се обеси на Петрета на вратот.
— Проштавај, чичко, ако те измачам ноќеска. Белки ќе дојди време да ти се одборчам некојпат — простенка во рацете на Петрета, прегрнувајќи го како дете татко си.
— Простено, чедо, простено, токо дали си наместена, да не ти се манка ногата, да те боли и ја зеде највнимателно во својата преград.
— Арно ми е мене, арно, токо ти гледај да не се испотиш. Ајде погоре по Васил, Гичо, Коле, Неде, па тие ќе ме поносат. Далеку ли ќе одиме? — праша Горица и ги стегна забите, бидејќи и покрај највнимателното држење на Петрета ногата страшно ја болеше. Беше скршена коската над коленото.
Стојко се приближи со другарите, та, и тој и Васил и другите ја поносија Горица на нагорништето, додека излегоа на Високата Стена, од каде утринава се провикна Петре.
Патот не беше долг, но лош. Поправо не може ни да се зборува за некој пат. Преку орман, преку драки, не еднаш ги закачија алиштата, та дури рацете, лицата ги изгребаа ама нешто месечината, на половина изедена, осветлуваше, а повеќе Петре го знаеше секое дрвце и камче по Осојот околу стари вечери излегоа на неговата колиба.
За секоја сигурност, Петре не ги одведе во колибата да ги виде козарчето Петко, ами веднаш навртоа сега на другата страна на Високата Стена каде се наоѓа „Темната Пишчера”. Влезе внатре Петре и запали во еден заден ќош огин, така да не се гледаше надвор светлината. По него ја внесе Васил и Горица и кога ја виде широката пештера, се утеши и издивна длабоко.
— Охохо! Ќе проживееме овдеки некој ден и друг дури да не намирисаат ганчовци.
— He берите гајле, не мириса никој овдеа. Бидите слободни, како дома шо се вели — ги утеши Петре и ги зеде Стојка и Гича, та донесоа шума за постела.
Така се преселија нашите другари партизанчиња од Галишко Тиквешко на Витолишко Прилепско и од Стојкови станаа Петреви гости.
Петре ги пушташе секое утро козите по Осојот и одржуваше врска со Стојка да не има некоја наредба за другарчињата, а секоја вечер откога ги свртуваше козите на ѓубрето, слегуваше до Темната Пештера да види како го поминале денот.
Уште на вториот ден ја „прегледа” тој ногата на Горица и виде дека е скршена. Петре имаше долг опит во лекување на искршени нозе кај козите, та веднаш се зафати да ја лекува и Горица како неговата Барѕа. Отокот со мелемот спадна, раната почна да бере полека полека и Петре направи две штички, и ја стегна ногата оставајќи место, раната да може да се исчисти и преврзе. Потоа си ја набра маската дрва и си отиде дома да донесе што мислеше оти му треба.
Жената му меси, утрото уште рано, една фурна леб, Петре ги наполни дисагите десетина дванаесет сомуни, зеде сирење, сланина, сол, пипер та дури едно кандилце, шише газија, и шише лута коминарка.
Сето тоа му треба на колибата, а ракијата да им се најде да не се закачат за драките и се издраскаат, со неа ќе се лекуваат. И навистина за лек ја зеде, но не од драсканици по драките ами за раната на Горица.
И ете го Петре на третата вечер дојде во пештерата, го донесе кандилото со газијето и шишето со ракијата и го почна систематското лекување.
Утровечер раната ја премиваше Васил со ракија и ја преврзуваше со нови мушамчиња, штичките ја стегаа, не даваа коската да се движи, а Петре ја беше понаместил, и таа почна да лабави. Горица сеќаваше од ден на ден се послаби болки дури по десетина петнаесет дена не почна да ја вража ногата, првен во глезните и прстите, после и олабави и коленото и за другите петнаесет дена се исправи и застана на неа прво со прикрепување од Васила и Гича, после и донесе Петре една патерица и она почна да куцка низ пештерата. Триесет и неколку дена четворицата другари беа врзани за другарката си Горица и триесет и неколку ноќи Петре Андов идеше кај нив со леб и вода да проверува како е ногата на ранетата.
За тоа време пет шест пати си појде дома, стрико му наминуваше на два дни, на три дни на колибата, и како стар кумита андартин во турско, не му се слизна од окото Петревата грижа за некого. He еднаш тој го побара лебот што го донесе, сланината, сирењето, а веќе немањето на кандилото и шишињата со газие и ракијата наполно му ја утврдија верата дека Петре храни некои диви. Но, бидејќи и тој некогаш така се криеше и бараше од своите укриватели да го кријат, сега не побара од Петрета да му каже ни кои се, ни каде се. Самиот го зголеми снабдувањето и во еден разговор му рече само: „Варди се добро да не се стори некоја пакос на луѓето, оти со главата се одговара за такви грешки!” Тој знаеше од опит дека предавниците и шпионите секогаш бидуваат заслужено казнети.
За овие пет шест недели Петре доби преку Стојка разни инструкции и ги пренесе на Васила. По тие инструкции групата ќе остане да презимува овдека.
Од судрувањето на Лесата, кавадарската полиција ја претресе целата гора по левиот брег на Црна. Стојко јаде „сто оки” ќотек на колибата да каже каде отидоа партизаните, ама уште со првите прашања тој разбра дека ганчовци, така без да знаат нешто, маваат та им го наведе грбот ” ни подозрение не даде дека знае нешто, и така цела зима остана тајна на пребивалиштето на овие пет души во Темната Пештера. Петре се вардеше како од огин, си одеше почесто дома, носеше по малку леб.
Во рана пролет, уште кај Свети Атанас време, ганчовци се растрчаа и по десниот брег на Црна. Како секогаш и секаде се нашол по некој шпион и предавник и ја предал другата четворка во книнските пештери и таму ганчовци нападнаа и ја ликвидираа. Се усомнија дека и на Витолишко може да има во некоја пештера комунисти.
И токму Петре беше дома, во разговор со еден свој селанец, пикнат во гаќите на ганчовци, разбра дека и кај него по Опстраница се спремаат ганчовци на направат претрес, но чекаат војска за таа цел од Прилеп.
Уште малку ќе се издадеше Петре се својата возбуда, но благодарејќи на тоа што собеседникот не беше толку итар, не ја осети таа промена во Петревата душа и на Петревото лице. Тој му се пофали на Петрета дека и тој ќе биде со потерата и да гледа ако забележи негде нешто да му каже прво нему, та обајцата ќе добијат бакшиш од полицаите.
На Петрета му се стемни пред очите и да можеше тука, насред улица, да му го извади гркланот на овој пезевенк. Во умот му се појави Горица, ранета во сламата, со отечена нога, скршена над колено, а овој пес сака да ја дотепа.
„Добро, добро” — си рече со умот Петре и сон не го фати цела ноќ. Стана уште првите петли кога пропеаја, си ја зеде маската со лебец и солца, и уште кај огревање сонце појде на колибата. Ги пушти козите во Осојот и го остави козарчево Петка само денеска, a сам отиде во Темната Пештера.
Се изненадија нашите партизани кога го видоа во невреме кај нив и накратко се разбраа што е работата.
Петре го кажа она што го слушна од Ристета (така се викаше тој месниот потерџија) и им предложи што побргу да се иселат од пештерата да не станат жртва како нивните другари во Книнската Пештера. Од таму се врати назад и од Високата Стена почна да му вика на козарчето кое веќе беше навртело на реката, ама повеќе гледаше во колибата од Стојка, белки ќе излезе некако да го довика.
И навистина. Стојко си ја имаше мувата на капата. И кога Петре запна да вика, дури и една пушка фрли, што беше знак за узбуна, уговорен меѓу него и Стојка, Стојко истрча од колибата и му се јави на Петрета.
— Mope, го отепа ли, Петреее? — праша Стојко и тргна кон реката, како есеноска кога го прибираше Стојко Петрета во мрежата.
— Mope, го отепа, токо кај вати, да го дериш, бреј! — му одговори Петре и се спушти направо преку орман за да наврти што побргу.
На „Езерото” Петре го викна Стојка да ја прегази реката. Стојко го пријаде јасникот. Без да се мисли дали ќе се удави, се слече гол, си зеде еден долг стап и и влезе на Црна во февруари.
— Mope ми, дали ќе а претерам ваа пустина — му викна од крајот на Петрета.
— И ослепаго, не ќе а претераш. Гази, гази суѕгора во вирот. Туа не а копа водата, и ако те вате до гради, немаш гајле — го теши Петре.
И навистина Стојко влезе и до мишки, не само до гради, ама ја претера, како росен зајак, што се вели зборот.
Без да се облечува се наметна со кошулата што ја носеше навиткана околу вратот, и со два збора Петре му ја изнесе опасноста што надвиснала над другарчињата, што му ги даде есеноска на чување. Планот се скрои. Вечер Петре ќе ги земе и ќе ги предаде сега пак кај Стојка да се засолнат дури да помине бурата.
Уште во лесниот мрак на „Езерото” Стојко чекаше распашан, готов да се слече да ги преведе партизаните преку матната и студена Црна.
Се слекоа сите и Горица со нив, ама сега здрава. Ногата одамна и беше зарасната, та немаше нужда сега да ја носат браќа и в раце. Се нафатија рака за рака. Стојко напред Горица до него; зад неа Петре, Гичо, Коле, Неде, најодзади Васил. Во најдлабокото каде на Стојка му стигаше до мишки, на другите им се омацаа и брадите, а Горица ја фатија Стојко и Петре под мишка и ја кренаа да не и ја фати вода главата.
Ги пренесоа, и Петре му ги теслими на Стојка пролетва, како тој што му ги теслими есента. Петре се врати назад, уште со една грижа; како да се избришат трагите во пештерата. Ристе ја знае Темната Пештера и ќе ги доведе ганчовци да проверат таму. He ќе може со ништо да се искубе кога ќе се утврди дека лежале луѓе во неа.
Тој со трчанка си појде на колибата, го скорна козарчето Петка, ги пушти козите „севте на попасок”, макар да не беше време за такви попасоци, си ги зедоа сакмите, торбите, букарето со вода и ги наманаа право кај Темната Пештера.
На Петка му рече дека утре ќе ги наманат козите кај Ореов Дол — на спротивната страна од Осојот, та сега ќе ги лежат во пештерата.
Петко не запраша ништо. Та тој е момок кај Петрета и што ќе му нареди газдата, тоа ќе работи. И таман дојдоа до пештерата, ги втераа козите внатре.
My нареди на Петка, да застане на влезот и да не ги пушта да излезат, а самиот тој му влезе и цел саат ги бркаше од ќош в ќош дури не беше сигурен дека секаква трага од човек во пештерата ја избришале козите. Откако се собраа козите во еден ќош затресени од бркањето, Петре го запали огнот и ги изгоре сите шумки и слама што беа постели на другарчињата и легна крај огин да преспие.
Но, не заспа…
Пред зори излезе и се провикна пред пештерата.
— У бреее, ахахаха! и пак си влезе да го навали огинот.
Кога веќе се прозори и Петре излезе повторно, над пештерата се запартали човек во војнички алишта.
„Аха! ќе ми најдете опинциве” си рече со умот Петре и пак се провикна.
Од растот пред пештерата излезе селанец, вооружен со пушка, а по него две три воени лица. Петре го позна Ристета и му проговори.
— Mope ми, каде волку рано овдеа Ристе!
— Mope ми, ете, дојдоме да нам’зиш млеко, баго! — му одговори Ристе и се чуди оти овој Петре ги дотерал козите уште во Сечка во пештерата.
— Mope ќе нам’зиме и млеко, ако сака господ, токо ошче е рано — одговори Петре и си го чека таинот. И веќе се стекоа од сите страни војници.
Од десно дојде и господин потпоручникот, водачот на потерата. Без никакво добро утро, без никаков поздрав му се приближи на Петрета и му залепи една тврда шлаканица преку очи.
— Казвај к’де ги скри комунистите бе, калпазанино, мамката твоја?
Петре се направи божем не разбра и праша.
— Шо бараш, господине? Какви мониста овдеа во пишчерата? — и ја дочека шлаканицата и од отаршијата на полицијата којшто беше со поручникот.
— Казвај бе, вагабонт, казвај к’де ги скри партизаните — комитите. Мислиш ти не знаем че тук в’ пештерата бјаха десет души комити?
Петре ја чу цифрата и разбра дека не знаат точно, та ги стисна забите и ја затвори душата.
— He знам, господине, ни муниста ни партизани. Сега слушам од вас.
— Ceгa ли? Еј сега ште слушнеш оште нештичко. Ја в’рви в’тре в’ пештерата да ти кажем какви министи и какви партизани трсим — и го собраа пред нив, та влегоа сите во пештерата со шмајзерите и пушките на готовс.
Кога го видоа козарчето Петка, му удрија и нему две три шлаканици, но тоа не можеше ни да проговори и само викаше. „Не знам господине. Јас ништо не знам”, како и што не знаеше.
— Кога докара козите тук бе, мискин? — праша потпоручникот.
—Сношти — повјаса Петре да одговори, да не рече Петко ноќеска.
А т’ј? Сношти? А зашто ги докара т’кмо сношти. Зашто не порано или пок’сно? — и го извади потпоручникот електричното фенерче та ја осветли пештерата. Ги виде козите пак собрани во еден ќош и му нареди да ги истераат и да ги вратат пред пештерата.
— Аха? — промрмори тој. — Хубава квартира си намерил на тез нехранимајковци, мамката ваша! Но ште видим сега к’де си ги скрил — и му се овргали на Петрета:
— Ја казвај бе, хајдутину, к’де отидоха? Иначе, еј сегичка ште те одера и кожата ти ште нап’лним са слама. — И пак му удри, сега, еден дипшик со кундакот од германскиот шмајзер.
— Ристе, бре, Ристе, кај вати бре, брату, што бараат ‘виа браќа, бре зошчо на правдина ме тепаат, — провикна Петре и го побара Ристета, кој остана да ги врти козите и да го праша Петка дали немаше некои луѓе во пештерата.
— Ште ти кажа аз Ристе и Ристовица, но казвај какво те питам, — сега старшијата пак го лупна одзади во плеќите. И се заредија сите што беа внатре со по еден дипшик.
— Олеле, мале — простенка Петре и падна пред вратата на пештерата.
— He знам бре, господине не знам; никакви кумити. Ете заколете ме, отепајте ме, ништо не знам од таа работа — се брани Петре и ја држи главата со рацете да не го удри некој со кундакот по глава да му ја расцепи.
Уште неколку пати рече дека не знае ништо и кога зачестија кундаците, ги стисна забите, опсува гадно и рече само толку:
— Удрите бре, пци, удрите. Јас ви реку не знам и не знам; та ако ви се јаде човешко месо, а, јадите ме!и веќе не отвори уста ни да проговори ни пак офна. Потпоручникот страшно го лутеше и веќе беше начисто дека Петре знае, но како сите комунисти, ете го дури и не офка, иако му удри сто оки ќотек, што се вели.
Среќа, на колибата не најдоа многу леб, бидејќи Петре им го даде на другарите да им се најде, додека Стојко ги снабди од кај него.
Го протепаа уште еднаш на колибата и него и козарчето, ама се виде оти ништо не вадат, та го пуштија козарчето со козите тука околу колибата да ги вртка, а тие засвирија со буријата збор и целата потера се собра на Високата Стена, каде Стојко од вратата на неговата колиба ги гледаше и им викаше на другарчињата што се грееја крај огнот, да не се појави некој, оти отидоа главите. Да ја минат реката ганчовци ниту можеа, ниту имаа наредба да минуваат. Затоа нашите другарчиња беа надвор од опасноста.
Патем од Петревата колиба нагоре ги претресоа ганчовци другите колиби, протепаа други овчарчиња и козарчиња, од сите барајќи да ги кажат комитите, но не собраа никој друг освен Петрета. Во селото влегоа по мракот та никој не го виде Петрета оти го дотераа. Co еден — два кундака го втераа во подрумот, каде од силните болки и умора падна уште пред вратата.
Околу десет часот вечерта тропна и се отвори вратата на подрумот и светна електрично ламбиче на старшијата право во очите на Петрета.
— Ја стани бе, мискин — му се врекна старшијата и го клоцна во слабините со десната нога.
Петре простенка и се обиде да рипне но виде дека сега тоа не може да го стори.
Целата снага му беше здрвена. Нозете му се затресоа, плеќите силно го штрекаа, a на градите сеќаваше „воденички камен”, та не можеше да се задржи, ами како стана, така и падна пак на голата земја. Ќотекот што му го удрија ганчовци во пештерата и патем, додека го тераа в село, беше си го направил своето.
Старшијата пак му лупна и друга и трета клоца и Петре ги собра сите сили та, така тресејќи се, се приближи до ѕидот и се допре со раце.
— Ја врви напред, мамката твоја мрсна — пак се извика старшијата и му го предаде на двајцата полицајци што беа со него.
— Карајте тоз калпазанин в мојата канцеларија — нареди началството и тргна напред.
Во канцеларијата на полицискиот старшија беа собрани вишите началства како тој од Прилеп на полицијата, така и двајца офицери од окупаторската војска.
— Разрешете да доложа — лупна со чизмите старшијата и козирува со службеничка понизност.
— Докладвајте, г. стаоши. слободно, — одговори полицискиот начелник.
Старшијата ја отвори вратата, што при влегувањето ја затвори, и им заповеда на своите слуги да го воведат Петрета. Тие просто го турнаа во канцеларијата и тој едвај се задржа за черчевето и се исправи, потпрен со грбот до ѕидот.
— Този е јатака, господа, на комунистите, които трсехме вчера и днеска. Тоз ги е крил, хранил ги е в’ една пештера, којато се казва Темната Пештера, но за да заличи дирите на тези мрсници, т’кмо сношти вкарал козите в’в пештерата и сега не признава злодејанието си — кратко заврши старшијата и го предаде веќе Петрета на надлежност на поголемите од него.
— Че как не поизнава бе, господин старши? Нели е тој Блгарин, хич може бе така да се л’же б’лгарската власт? — му се обрати полицискиот начелник небарем на старшијата, а гледа во Петрета.
— Ја кажи бе, бајо, как стана таја работа? — го запраша тој Петрета.
— Ние знаем всичко, но ште трјабва ти да кажеш па да те пуснем да си ходиш в’кшти. Ами, че ти не си виновен? Дошли тез пезевенци с’с пушки, поискале хлјаб и ти си бил принуден да им дадеш и да ги укриеш. Заканили ти са ако ги кажеш ште те убијат, затуј не си смејал да ги одбиеш. Така ли беше, а? — сака да го фати за јазик началникот Петрета со марифет, со арно, со благо, но Петре веќе го изеде ќотекот и си донесе решение ништо да не кажува. Си ги припомни зборовите што му ги велеа Васил, a особено Горица, дека слободата е во огинот, и, дека секој од нас Македонците, ќе треба да посегне во тој огин за да си ја извади. И ете сега Петре кај посега целиот, не само со ногата, како што беше посегнала Горица. Таа мисла го исполни со храброст и гордост.
— He знам, господине, не знам. За никакви кумити јас не знам. Ни су видел ни су чул, ни су ранил, ни су криел — одговори кратко и јасно.
— Пак тој, не с’м видел, не с’м чул и не знам. Остави го ти туј на страна, но кажи както ти казвам аз па да си врвиш. В’в противен случај, ште трјабва да те карам в Прилеп, да те с’дим и ште те ос’дим на дваесет години. Знаеш ли ти това? А така, ште кажеш че са те заплашили и тујто. Иди си в к’шти.
„Ногу убаво подмамуа” — си рече Петре и си замолча.
— Казвај де, казвај, така ли беше?
— Ошчеднаш ви вела оти нишчо не знам и шо знајте правите.
Началникот стана од столот и му се приближи на Петрета. Ги овргали очите право во неговите, му се загледа зверски, и по кратка пауза, викна со див глас:
— Казвај бре, мрсник, или еј сега ште те задуша? — и го грабна со двете раце за гуша и почна да го стиска колку што можеше.
Петре ја допре главата до зидот и целиот се навали. He ги дигна рацете да си го ослободи грлото, но само почна да крка како маче од рибина коска кога се задавило и ги ококори сега пак тој очите уште поголеми, уште покрвави, уште поѕверски од оние на началникот што беа пред минута. Во лицето му навре крвта и зацрве како домат. Устите почнаа да му се тресат, а колената му се подвиткаа и тој падна на душемето.
Началникот му го пушти вратот и застана над него да го гледа бесомучно.
„Тја се вилја”, си рече како за себе. „Този мрсник всичко знае, но нјама да каже” и пак му се загледа во очите, наведнувајќи се пред него.
— Кажи бе, кажи. Ти ште кажеш и мајчиното си млеко, но ште б’де к’сно. Ја стани, та признај всичко пред господата. Ето на! Нали ште го освободим след като признае, господа? — се обрна полицискиот начелник кон воените главабашии, кои ја имаа поголемата власт над Петрета, и почна да го дига за јаката од кошулата.
Офицерите станаа и се приближија а началникот просто го крена Петрета за јака и пак го исправи до зидот.
Сега му се приближи едниот од офицерите, потпоручник и ги повтори истите оние зборови што му ги зборуваше началникот во почетокот.
— Бееее! Па тоз и самија е хајдутин, бе господа. Ја виште му очите как закрвавели, ја гледајте лицето му, бузите му как полиграват. Пазете се, госпола, тоз иггс ии скса грклјана с’с з’би, беј.
— Зашто не казваш, бе мискин, какво те пита господин началника, а? — рикна офицерот и му удри една тупаница по заби, така што осети како му е полна устата некаква солена течност.
Петре се прибра малку, ја голтна течноста и зачека други шлаканици и тупаници по лице, потпирајќи се постојано на зидот и никаков глас не пуштајќи од себе.
— А бе ти знаеш ли да говориш, бе мискин? — My се наднесе над лицето сега другиот офицер, поручникот и злогласниот главорезец Куцаров. Тој му удри еден бокс по левиот образ за да го дочека со другиот по десниот. И од бес пак го грабна за гуша.
— Казвај бе, или еј сега ште ти извадја грклјана с’с дробовете!
Петре пак падна на душемето и си ги обриша слинките помешани со крв, ама ни офна ни пушти некаков збор.
— Виждате ли, господа, —му се обрнаа на началникот, другиот офицер и старшијата — с’штото јавление при всички комунисти: да не казват та даже и да не п’шкат. Това ви е положението. Тоз мрсник всичко знае, но не казва. — И пак се обрна кон Петрета:
— Ште кажеш като поп, к’сно ште б’де, тогаз вече не ште има нито едно ребро здраво на тебе. Ја одведете тоз скот в училиштето и предадете го на моја фелдфебел. Тој вече си знае работата понатат’к — му се обрна Куцаров на полицискиот старшија.
Кога старшијата го бутна Петрета кон вратата, од сите три гласа на началствата се слушнаа заканувања кон Петрета како „фелдфебелт што му извади и езика и ште го накара да проговори и признае всичко”.
На вратата го дочекаа двајцата полицаи што го изведоа од подрумот и го врзаа со еден синџир, та го поведоа кон училиштето, држејќи секој полицаец по еден крај од синџирот.
Патем едниот полицај почна да го советува Петрета и да го плаши со фелдфебелот и со неговите ѕверства и му удри дватри дипшика, а другиот му сочувствуваше, та дури и го искара својот колега.
— Зашто тормозиш момчето, бе, когато тја не е наша работа? Ја врви да го откараме поскоро та да спим, понеже полуношт вече мина одавна.
И така по четирипет минути Петрета го затворија во служителското одајче во училиштето и го врзаа како ѕвер за черчевето од вратата. Пред зора се отвори вратата на одајчето и влегоа тројца војници со ламби в раце. Едниот од нив беше фелдфебелот. Во рацете држеше жила — грбач, а едниот од војниците една букова сопа. Co стапување во одајчето, фелдфебелот застана пред Петрета и ни збор да проговори, почна со камшикот по очи, по глава, по раце, каде што можеше да мавне. Петре се заврте ничкум, ги кладе рацете на лицето и ја стегна душата.
„Ќе се умира, било таксир” — си помисли тој и почна да ги дочекува камшиците по тил, по врат, по лакти и раменици. Фелдфебелот само ги чкрташе забите и маваше колку што може. И тој како Петрета ништо не зборуваше. My се виде камшикот лесен, го фрли во ќошот и ја грабна сопата од војникот, та почна со двете раце да мава по Петревиот трул од тил до стапала. Од болките Петре се надигна и се позаврте како на плеќи, но кога сопата почна да се реди по ребрата, по градите, по колениците, тој пак се заврте ничкум.
Фелдфебелот беснеше од јарост. Толку ќотек му удри а ниедно „аман, господине” не слушна.
— Ах мајката твоја мрсна. Зашто не казваш, бе мискин на мискините? — Збесна фелдфебелот, ја фрли сопата та му ја грабна пушката на војникот.
— Дај ми пушката да го застрелјам бе, мамката му комунистичка.
И на место да стрела во Петрета, така силно го удри со врвот на кундакот право во плеќите, Петре испушти едно тажно „Оооох! Мајко мори — иии! си умру” — пак се обиде да се заврти на грб.
По вториот удар со кундакот Петре пак се заврте ничкум, ама веќе почна да јачи и да крка.
Фелдфебелот се испоти и престана да мава. My ја подаде пушката на војникот и се наведе та го заврте Петрета на плеќи. Петре беше во несвест.
Се обиде да го исправи да седне, но ниту вратот му ја крепеше главата ниту жилите рацете.
Главата клапна на десната страна, а од отворената, црна како јаглен, уста, фелдфебелот виде жичка црвена течност што се разлеваше долу по брада, дури по градите на Петрета.
…Мама му — се сепна фелдфебелот. Че навистина ште крепа това куче, бе! Ја иди, Иване, донеси една кофа вода да видим до к’де сме го докарали тоз мискин — му нареди на едниот војник.
Војникот излезе, а фелдфебелот го пушти Петрета на душемето, Петре само со длабокото дишење, даваше знаци на живот.
Војникот донесе кофа вода од кујната, a во ходникот пушти една длабока воздишка — „Изеде и това момче както другите”.
Водата ја плисна самиот фелдфебел на Петревото лице и виде како Петре си ја оближа устата и го отвори левото око, бидејќи десното не се гледаше од вргата на веѓата. Бе? ше го удрил со стапот по веѓа, та дури окото му беше отечено.
— Жив ли си, бе комито? К’де си, што се преструваш, а? — му се наднесе пак над лице, но место одговор слушна едно длабоко „ооох, мајче мори”.
— Да лежи, мајна му — рече фелдфебелот и ја напушти одајката, придружен од војниците.
Во ходникот веќе се зрачеше и можеа да се видат двајцата војници како со тешки стапки и мургави лица одеа по началството.
Насред ходник фелдфебелот му нареди на едниот војник, на Ивана, баш на тој што ја донесе кофата, да остане часовој пред вратата, а преку врата да пази на движењето од Петрета.
— Штом се освести ште ми доложиш — заповеда фелдфебелот и отиде да си ги мие крвавите раце.
Ходникот остана празен, а и сонцето веќе го направи своето — се раздени и се провиде убаво, та и во одаите можеше сега да се види човек.
Иван постојано гледаше во Петрета потпрен на черчевето за кое овој беше врзан, и кога Петре ја затресе главата и го отвори окото, Иван почна да му шепоти, обѕирајќи се да не иде некој преку ходник.
— He се движи бре брат, не се движи ште те изедат тези кучета. He се движи и не си погл’штај слинките. Нека тече крвта по брадата. Това ако те спаси. Иначе, изгуби живота.
Ноќта војската го блокира селото и ниту еден не пушти да излезе надвор. На кметот и полицајците им се нареди целото село да се собере, од 15 години нагоре, пред училиштето, а неколку „сомнителни лица” беа собрани со стражари и дотерани уште во зората и затворени во една од училниците и се држеа под стража.
Околу 7—8 саатот наутро во училишниот двор беше собрано целото село. На портите беа поставени стражи.
Куцаров и полицискиот началник одржаа по едно заплашително и заканувачко слово и ги покажаа навртените топови кон селото.
— Еј сега, на — се дереше Кучкаров, како го крстија селаните ѕверот Куцаров. — Еј сега ште наредим на артилеријата да го разруши и опожари селото. Искам тук от вас, од всичките да ми ги предадете јатаците на тези нехранимајковци — комунистите, които са се загнездили в’в вашето село. Разбрахте ли?
Ште изгорим селото и ште ве интернирам всички в’в Б лгарија. Ето на. Ште чекам оште половин час; Размислете и посочете лошите хора. Та налда сте Б’лгари, бе селјани? Зашто копаете гроб на вашата и наша мајка Б’лгарија.
Селаните собрани на групички плашливо шепотеа. Некои предлагаа да им соберат троа пари на силниците, други да колат овци за ручок, трети да ги земе некој домаќин на ручок, па дури и на вечера. Да жртвуваме некоја и друга невеста, ама сите тие предлози се одбиваа од честољубието нивно и од омразата, што се разгоре во овие наивни и честити луѓе.
— Шо сакаат нека прават браќа. Ние еве сме затворени како овци во котар. Ене му и куќите, ене му а сермиата, ене му и жените, ене му и децата. Било такцир да страдаме бетер од Турцко, ќе се страда, нема шо — се искажа еден за сите.
— Па ако знае некој нешчо, де бакалум нека каже, зошчо да страда цело село за еден, два и три човека, — се провикна друг.
Луѓето стоеја скаменети и секој ја стегаше душата да го пречека и најлошото.
Времето од пол саат срок даден на селаните, началството не го помина во бездејство.
За тоа време тие, со фелдфебелот и старшијата на полицејскиот участок ги посетија затворените селани, се обидоа со арно да изведат некој збор, но одговорот беше од сите еден: ,.не знаиме, господине, не знаиме, не сме виделе, не сме слушале такво нешчо”.
Co тоа ги предизвикаа, та сите по ред, на сите редум им удрија по неколку грбачи, стапови, тупаници, кундаци, кој со што располагаше.
— Е! намерихте ли ги, бе селјани, лошите хора? — се протегна гласот на Кучкаров — или да издам нареждане на артилеристите.
— He знајме господине, не знајме; нема во нашето село лоши луѓе, — се слушна групов одговор од купчето селани. Сам никој не смееше да одговори, ами вака од сред купче одговорот е од сите, та Кучкаров не можеше да го суди тој што ќе рече „не знајме”.
— Чакам оште десет минути! He дејте позволи за един, два, три вагабонти да страдате цело село.
— И после десет, и после двајсет тој е, господине, одговорот — се слушна пак хорски одговор.
— Значи, нјама лоши хора в’в това село? Целиот збор едногласно потврди:
— Нема, нема господине, нема. Бидите раат.
—Добро, ште видим понатат’к — и почна пак долго поучително слово да им држи на селаните; како тој е тука, пак ќе дојде, со уште поголема сила, ќе ги фати лошите луѓе, ами тогаш нема да му прости на целото село.
— А за сега простени сте од власта, a пo тоја случај искам од вас доб’р обед за момчетата и едно веселие, едно оро тук в’в двора.
Да видја че сте доволни от нашата власт и че обичате Б’лгарија.
— Добро, господине, добро. Ете така ве сакаме, да се напиеме, да се наручаме, да си поиграат младите и да ве испратиме, што се вели, со кев. Ами преѓеска ни а здрвивте крвта, баму белјата —се испушти еден стар воин од XI Македонска дивизија, којшто за краен случај беше го понесол и сребрениот крст за храброст што запленил сам на Беласица осум грчки и еден француски војник.
Се даде „башлама”. Стражарите се повлекоа од постовите, советниците од огаптинскиот совет отидоа да колат брави и овци, a младите да ги донесат гајдите. Ги задржаа самите селани девојчињата и ергените.
— Нема чаре, ќe му се прави сега киселиот на овиа силници, браќата Б’лгари, брадва да ги пресече, како во 1913 година на српскиот полициски комесар Стојановиќ. Дали му е до играње денеска на некого, ама деде. Од беља. Еда, здо, без тебе полошо.
И веќе околу пладнина се вртеа бравите на ражните во дворот од жандармериската станица, а во училишниот двор се лигавеа полицајците во шарено оро со убавите мариовски чупи. Но најубавите пак се позасолнаа дома, та орото беше, само оро да се рече, сосила.
Ги пуштија тие што беа арестувани, со нив и кметот. Само Петрета никој не го спомна, освен Иван стражата, кој на секое Петрево движење му даваше совет да не мрдне ако дојдат офицерите и да гледа повеќе крв од устата да пушта.
Петре се поосвести и откако виде дека крвта престана, ја потфати долната муцка и ја накаса небаре костен за печење накасува, и крвта цел ден не запре.
Околу ужина време „обедваха момчетата”, се наиграа Кучкаровци и засвирија збор.
Пред тpгање дојдоа кај Ивана на вратата од служителското одајче началниците и го прашаа:
— He се ли освести тоз мрсник, бе Иванчо?
— He, господин поручик.
Го изгледаа од врата Петрета и Кучкаров го пофали фелдфебелот.
— Ама си му дал да разбере, а!!! Надали и ште се освести.
— Расплаках мама му, господин поручик. Ама тврдо куче, беј: Хич бе, хич ни дума да продума, бе.
— Такива са тез мрсници, бе Тодоре, такива, но ште им расплачем мајките. Един денес, друг утре, ште им видим сметката, не се тревожи ти.
И ја собраа војската та тргнаа долу Руда. Петрета го оставија сам во одајчето.
Само часовојот Иван си го направи човештилакот до крај. На збогување тој претпазливо се приближи до еден младинец, и скоро со шепот му рече:
— Погледнете в’в малката стаичка в’в училиштето, има нешто — и си замина.
Младинецот го кажа Ивановото соопштение уште на пет шест свои врсници, и кога ганчовци се изврвеа до последен долу Руда, тие појдоа во училиштето ги обидоа сите соби и уште малку ќе го заборавеа служителското одајче од каде се слушна темен дебел глас.
— Има ли некоа жива душа бре, да видел господ — и почна да јачи и стенка човек.
За час истрчаа сите младинци. И што да видат? Петре Андов, лежи испружен на душемето, облеан сиот во крв, отечен по лицето, со едно око затворено, без нозе, без раце, без ништо здраво, здрвен, офка, стенка и збива; душа бере, што се вели зборот
— Оооо! мајчето нивно, бре! Ами тебе ли те најдоа, бре брату — се зачудија сите и не чекајќи ни минута го зеде зет му в раце како мало дете и направо од кај чешмата го однесоа сите дома.
Бргу бргу го слекоа, го измија со топла вода и вино и го викнаа стариот комита дедото Ѓура, кој видел безброј вакви работи во Турско и кој знае како се лекуваат тие.
Дедо Ѓуро побара бргу пресна кожа.
— Mope ако е за кожа, ене и не двајсет триесет денеска ги заклавме за ганчовци, краста да и јаде — одговори зет му на Петрета и отрча та донесе три бравски кожи со најдолга руна.
Дедо Ѓуро го облече Петрета со едната до крстот, во другите две му ги увитка нозете, му свари еден липов чај со мед, во кој тури и една чаша коминарка ракија и го остави да см стенка во одајчето под тремот на меките козинави покровчиња.
Здравеа Петре, целеа, малу време три месеци и во цветот на липите, излезе на две патерици во дворот да види што дошло.
Го нападна тешка кашлица, градоболка, виење на коските, но тој ги издржа сите болки и за до есен пак се исправи и си тргна со козите.
Токму на година се јави пак на Високата Стена и се провикна како лани по козите, но Стојко не можеше да го познае неговиот глас. Дури не го викна по име Стојка и му рече да дојде на реката да се видат, Стојко не веруваше оти Петре се свампири. Тој беше слушнал за неговите страдања и маки и просто не му се фаќаше вера оти Петре ќе остане жив.
Се состанаа на „Езерото”, каде Стојко ја прегази Црна, и се прегрнаа со Петрета како вистински родени браќа.
Првиот збор на Петрета му беше:
— Живи ли се, бре, нашите другарчиња?
— Живи се, Петре, здрави се. My ги предаду на Гича и Крстета налбатинот од Кавадарци и сега се на добро место.
— Алав нека му се моите маки и мојата крв. Ако нападнат ваки кај тебе ќе ти се мола да ме ставиш со ниј да се вида.
И му ја исполни Стојко желбата.
He помина ни месец, Петре се бакнуваше со Васила, Гича, Колета, Недета, Горица, и уште десетина другари.
Booking.com