Откријте го Мариово

Расти расти, Нешо моме,
малешо, јагне калешо,
да се сториш изгор мома,
да изгориш ергените,

а највеќе женетите,
женетите, поповите,
оставија невестите
со ce нивни машки деца;
растурија законите,
расврлија тевтерите.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu