Откријте го Мариово
РИБИЗЛА, ЦРНА РИБИЗЛА – RIBES NIGRUM, ЦРВЕНА РИБИЗЛА – RIBES RUBRUM

Црната рибизла е повеќегодишно зељесто растение, во вид на грмушка, висока и до 2 метри.

Стеблото и гранките се голи, лисјата се наизменични и длабоко изделени, на рабовите крупно назабени, на лицето се голи, а на опачината со мали влакненца.
Цветовите на рибизлата се ситни, со виолетова, зеленкаста или розова боја. Плодот е тркалезна бобинка, која има црна или сиво-црвена боја и кисел вкус. Билката се култивира.

ribizla

УПОТРЕБА:
За лек се користат листовите и плодовите.
Плодот од рибизлата е богат со витамин Ц и затоа се употребува против хиповитаминоза Ц и авитаминоза Ц.
исто така се користи за зголемување на апетитот и јакнење на организмот, а сокот од рибизлата има антимикробно дејство, потоа диуретично лаксативно дејство, а се употребува и за зајакнување на видот и капиларите.
Листот од рибизлата се употребува против хроничен ревматизам и гихт како и за исфрлање на камен и песок од бубрезите и мочните патишта.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu