Риганот е повеќегодишно растение со исправено стебло високо до 70 см.
Лисјата се јајчести на рабовите назабени, а цветовите се ситни во бела или плава боја на врвот на гранчињата. Билката има многу пријатен мирис и вкус. Риганот расте на суви места, во планински ливади, пасишта и покрај патишта.
УПОТРЕБА:
За лек се употребува надземниот дел.
Риганот е богат со етерско масло, горчливи материи, витамини и минерали. во народната медицина и во фитотерапијата има многу голема примена, бидејќи има широк спектар на дејствување кај повеќе болести.
Чај од риган се употребува за искашлување, против заболување на дишните органи, бронхит, астма, бронхо- пневмонија, грип, настинка и температура.
исто така, се употребува за болести во желудникот цревата, гастритис, колитис, дијареја, метеоризам, ја подобрува работата на жолчката и црниот дроб, крвните садови (капиларите), бубрезите и мочните патишта, смирување на нервниот систем, анксиозност, штити од рак, бидејќи има антиканцерогено дејство.
Риганот е добар како чај за уживање, колку и да пиете нема да се предозирате, нема никакво штетно дејство, се дава и на мали деца. се употребува како добар зачин, посебно за пица.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com