Откријте го Мариово
Ристо Дрцко од Прилеп – хумор од Мариово

Ристо Дрцко од Прилеп имал касапница во пазарот. Сите Мариовци купувале кожи, месо, пастрма од кај него,

оти тој знаел “мајсторски” да ја прави пастрмата и меленото месо. По карактер си бил скржав, поткусувач и арамија. Насредин Хоџа и Итар Пејо биле на неколкупати прелагани од касапот. Решиле да му вратат  та го заклале мулето и му го продале за јаречко месо. На Стојана му се бендисувало црвеното месо, го сомлел и на Св. Ѓорѓија ги повикал роднините и пријателите на гости. За нецел саат време му се збурбатило и почнале едно за друго да го посетуваат алето (клозетот). Еден оди друг врати се чинеле. He ги спасило ни кожни гаќи: беше се берботосале та Лајреката прилепска ја извалкале. Од тогаш се вели оти оваа река ја викаат Лајнарка. (Забележано во 1989 година од Мирко Николовски од с. Витолиште Мариовско), р. 1924 г.. а слушана од неговиот татко Ристо (1896-1985 г.).

 itar-pejo-mariovo

Преземено од:

„ИТАР ПЕЈО – МАКЕДОНСКИ ШЕГОБИЕЦ И НАРОДЕН СМЕШЕН ЛИК“

Автор: Трајко Огненовски, Битола

„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu