Состојбите на Македонскиот фронт во текот на целата Прва светска војна, во голема мера зависеле и од состојбите на останатите фронтови, особено од Романскиот.
Романија која била богата со ресурси и нафта била посакуван сојузник и од двете завојувани страни, но и покрај ветувањата за територии, на почетокот на војната таа останала неутрална, иако им дозволувала проток на залихи преку нејзината територија на Централните сили.
Сепак, поттикната од успехот на Русија во 1915-16 г и ветувањата за нови територии, летото 1916 г започнува преговори со силите на Антантата за нејзино приклучување во војната, што резултирало со потпишување на таен договор на 18 Август 1916 и објавување на војна на Австро-Унгарија на 27 август 1916 г.
На почетокот Романија забележала успех во воените операции, по што Германија пренасочува значителни сили на овој фронт и под команда на генералите Фалкенхајн (Erich von Falkenhayn) и Мекензен (August von Mackensen) започнува голема офанзива, во која освојува поголем дел од територијата на Романија и големи количини на жито и нафта. Во декември 1916 г, Централните сили го заземаат Букурешт.
Владата на Романија била преселена во северните делови и иако пристигнала помош од Русија во почетокот на 1917 г, веќе било прекасно затоа што Русија веќе била зафатена од промените (Октомвриска револуција) и се повлекла од Првата светска војна. Романија се нашла опкружена скоро од сите страни и била принудена да потпише примирје со Централните Сили на 7 мај 1918 г. Со овој договор голем дел од териториите на Романија преминале во рацете на Бугарија и Австро-Унгарија.
На 10 ноември 1918 г, само на еден ден пред потпишувањето на примирје со Германија, и откако сите други држави од страната на Централните сили капитулирале, Романија повторно се вклучува во војната, и во подоцнежните преговори и биле вратени одземените територии заедно со Трансилванија.
Романија која во тоа време имала околу 7.5 милиони жители се проценува дека имала 580,000 – 665,706 загинати за време на Првата светска војна, што е 7.73% – 8.88% од вкупното население(Wikipedia).
Инвазијата на Австро-Унгарија во август 1916
Против напад на Централните сили, септември – октомври 1916
Операциите во Романија, ноември 1916 – јануари 1917
https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Romania-WW1-1.jpg