Рожден се наоѓа на крајниот југозападен дел на територијата на Општината Конопиште, под источната падина на планината Козјак. Селото е планинско, на надморска височина од 920 метри. Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 81,9 км2.
На него доминираат шумите на површина од 6.939 ха. на обработливото земјиште отпаѓаат 436 ха, а на пасиштата 270 ха. Селото има полјоделско – шумарска функција. Во селото постои црква „Св. Спас”. Во 1872 година, старата црква. за којашто не се знае кога била изградена, била разурната, а во 1874 година на нејзините темели била обновена и тогаш живописана. Од населбата се иселил голем број од популацијата и таа преминала од средно, во мало село, населено со македонско население, но доведено во фаза на раселување.
Селска слава: Христовото вознесение- Спасовден (40 дена по Велигден)
Број на жители по години:
|
Вкупно |
Македонци |
Албанци |
Турци |
Роми |
Власи |
Срби |
Бошњаци |
Останати |
Рожден 28) (Конопиште) 1961 |
681 |
667 |
0 |
0 |
.. |
.. |
8 |
.. |
6 |
Рожден (Кавадарци) 1971 |
446 |
437 |
0 |
0 |
0 |
.. |
6 |
.. |
3 |
Рожден (Кавадарци) 1981 |
188 |
184 |
0 |
0 |
0 |
0 |
1 |
.. |
3 |
Рожден (Кавадарци) 1991 |
30 |
29 |
0 |
0 |
0 |
0 |
1 |
0 |
0 |
Рожден (Кавадарци) 1994 |
27 |
27 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
Рожден (Конопиште) 2002 |
21 |
19 |
0 |
0 |
0 |
0 |
2 |
0 |
0 |
Фуснота: |
Литература:
1. „ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА СЕЛАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ ГЕОГРАФСКИ, ДЕМОГРАФСКИ, И АГРАРНИ ОБЕЛЕЖЈА
АВТОР: МИТКО ПАНОВ, Скопје, 1998