Рузмаринот е многугодишна грмушка, која има разгрането стебло со исправени гранки, високи до 2 метри.
Лисјата се тенки и долги до 4 см, на лицето сјајни, а на опачината темнозелени. Рузмаринот се одгледува како декоративна билка и има многу пријатен мирис.
УПОТРЕБА:
За лек се употребуваат исушени лисја.
Чај од рузмарин се употребува како средство за подобрување на апетитот, за закрепување, против болести на жолчката, желудникот и цревата, мочните патишта, нервозно срце, намален крвен притисок, болести на дишните органи, бронхит, кашлица и астма.
Надворешно, рузмаринот се употребува против ревматизам, артрит, неврологии, насипи, циркулација на крвта, рани, чиреви, опаѓање на косата и слично.
Рузмаринот се употребува и како зачин.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com