Откријте го Мариово

Сакам да го видам , бабо,
твоето девојче,
многу ми го фалат, бабо,
да било убаво!

-До што го видело, синко,
се болно легнало!
-И јас да го видам, бабо,
ако болен лежам,
ако болен лежам, бабо,
шарена одаја,
на високи кревет, бабо,
незина постела,
незина постела, бабо,
на незина рака.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu