САЛЕП – ORCHIS MORIO

Booking.com

Салепот е повеќегодишно зељесто растение кое има исправено стебло, високо до 30 см.

Лисјата на салепот се сочни и издолжени. Цветовите се сместени на врвот на билката во повеќе различни бои. Салепот расте на суви и влажни места, покрај вода, по ридови и планини до 1600 метри надморска висина.

 

УПОТРЕБА:
За лек се користи подземниот дел од билката (компирчето).

salep
Салепот содржи слуз, скроб, сахароза и се употребува за лекување на разни воспаленија во устата, грлото, дишните органи, против кашлица, бронхит, воспаленија на цревата и желудникот, како и кај пролив кај децата.
Салепот е популарна пријатна напивка и природен афродизијак.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com