Само моме се променва,
по темнина без борина,
на јастрата месечина;
само себе се бендисва:
Арно су бело црвено,
уште да су покалешо,
бе го зела кралевото,
кралевото азнатарче;
дење ноќе азно брое,
на полноќа свита крое.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: љубовна