Откријте го Мариово

Саноќ Бојана седела,
саноќ Стојана чекала,
нема го Стојан да дојде;
товар борина изгоре,

девет ми золви уплела,
шиник ореи скршила,
кутел ми просо броила;
колку си легна Бојана,
ете го Стојан кај иде:
-Стани Бојано отвори!
He стана млада Бојана,
туку ми стана свекрва:
-Некаа синко Бојана,
сношти со Турци седеше,
сношти си љубов водеше!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu