Откријте го Мариово

Имаше некоје луѓе. Си клале некоја пињушка во огно. Пињушката била шупљива. Во пињушката имала једна змија. И си клале да готват вечера.

Пињушката се запалила од сете стране. Веќе дожежело на змијата. Видела да излева од пињушката, од огњиштето, ами не можела. И се пикнала во грнето, во водата уште нестоплена.
Некоја жена од домаќинките дошла, го затнала грнето со полупка, и се сварила змијата. Седнале да вечераја, каснале по некој пат, два, и изумреле сете луѓе! Утрото немало да излезат. О’шле комшијите да видат. Кога виделе, совра поставена а луѓето изумрени сите. И једна баба проборавила во грнето. Кога видела: змија сварена!
Тоа се погоди на лош саат! Лош саат се погодил! Во година има шеесет дена нестреќни дни. А тија дни не се цели нестреќни, веќе пo некој саат, два, во ни. Тија шеесет нестреќни дни се разгодени преку цела година, и никој не може да знаје: кога лош саат ќе се погоди?

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu