Се собрале тријесет беќари, џанум, (2)
се собрале на ладна мејана
вино пијат мушавере прават, џанум. (2)
Слуга служи Илинка девојка
чаша дава со десната рака, џанум, (2)
чаша земат за рака ја фаќат.
Изговори Илинка девојка, џанум: (2)
Ојти вије тријесет беќари,
слуга служам, љуба не бидувам, џанум, (2)
љуба бивам само на онего,
љуба бивам само на онего, џанум, (2)
шо не пије вино ни ракија.
45. Песната е забележана и во варијанта со АЈДЕ наместо џанум.)
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com