Сечка и овчари – предание

Booking.com

Имала некоја баба овци и кози много, пет-шес стотини. Зимата ји изранила овци дома; живи овци извадила, не ји умрела ни једна овца.

И ји забрала овци и кози, да ји тера на планина, на бачило. Ја начека некој дедо стар: „Бабо, кај ќе ји тераш овците?” — „ќе ји терам” рече, „на бачило”. А деда ји вели: „Како на бачило сега? Ево ја зима, уште студи!” И таја имаше овчари и викаше:
„Терај, терај, кози, овци!
„Терај, терај, на планина!
„Серам сечка на брадина!
„Трч’, трч’, козо, на планина!”
И ји отера овци и кози на планина. Тој што ја причека, Господ беше; се налутил на бабата, и за неколико дена вати зима лошо. Тија овци, кај што лежале тамо на планина, сете изумреле, се здрвија! И овчарите изумрели, и бабата умрела. Сете камење се сториле: бели овци — бело камење, црни овци — црно камеље! Овчарите и сега стојат здрвени како паметници кај овците камени. А бабата се сторила чешма, и вода и сеа тече од неја.

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com