Седна баба да вечера – лирска песна

Booking.com

Според пуста сиромаштија маријовска (Седна баба да вечера)

Се собрале Маријовци,
Се собрале, се набрале!
Ќе ми јадат, ќе ми пијат,
Ќе ми пијат, ќе ми пејат:
Што ќе вечер вечераме?

 

Првна вечер вечераме:
Једно пиле јар-јаребиче (1-види долу),
Што ми пеје рано, најрано ! (2-види долу)

 

Втора вечер вечераме:
Две кокошки некубани, (3)
Једно пиле јар-јаребиче,
Што пејеше рано, најрано!

 

Трета вечер вечераме:
До три пајки-шепетајки, (4)
Две кокошки некубани,
Једно пиле јар-јаребиче,
Што пејеше рано, најрано!

 

Четврт’ вечер вечераме:
Четир’ крави јаловици, (5)
До три пајки-шепетајки,
Две кокошки некубани,
Једно пиле јар-јаребиче,
Што пејеше рано, најрано!

 

Пета вечер вечераме:
До пет брави нечукани,(6)
Четир’ крави јаловици,
До три пајки-шепетајки,
Две кокошки некубани,
Једно пиле јар-јаребиче,
Што пејсше рано, најрано!

 

Шеста вечер вечераме:
До шес кози вијороги,  (7)
До пет брави нечукани,
Четир’ крави јаловици,
До три пајки-шепетајки,
Две кокошки некубани,
Једно пиле јар-јаребиче,
Што пејеше рано, најрано!

1 – Еребица т.е. толчени пиперки, црвена пиперка.
2 – Што ми пеје рано, најрано – т.е. што најрано дури и пред солта заедно со лебот се наоѓа на трпезата кај секој мариовец: „Тоа ако макниш, повечко ќе јадиш!“
3 – Кокошки некубани, т.е. праз, нелупен
4 – пајки-шепетајки, чешниња лук
5 – крави јаловици – жолти тикви
6 –  брави нечукани – главици кромид
7 – кози вијороги – долги пиперки лути

 

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)


Забелешка

Песната која ја забележал Воислав Радовановиќ е слична со песната „Седна баба да вечера“ која и денес се пее, ама ретки се тие што знаат, што навистина вечерала бабата.

Booking.com