Откријте го Мариово

Седнал ми Џемко слободно
кај таа река Ситница,
под таа круша горница.
Мајка на Џемка велеше:

– He седи синко слободно,
не ми е мирна година,
кавури глава кренале!
 Џемко на мајка велеше:
-Дејгиди мајко будала,
кавурска пушка не дупи,
кавурска сабја не сече!
Оште Џемко не дорече,
ете го Јордан Пиперка.
Летна ми Џемко да бега
крај таа река Ситница.
-Почекај Џемко не бегај,
да видиш пушка как дупи,
да видиш сабја как сече!
Прва пушка ми пукнала
Џемка ми го погодила.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: комитска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu