СЕЛОТО БРНИК БЕЗ БРНИЧАНИ

Booking.com
  • Издавач: Н.У. Завод и Музеј – Битола
  • Главен и одговорен уредник: Валентин Соклевски
  • Автори: НИКОЛА МИНОВСКИ, ВЛАДО ТЕМЕЛКОВСКИ
  • Фотографии:Славе Стојанов, Љупчо Петревски
  • Компјутерска обработка: Билјана Кулевска, Жико Калпаковски
  • Корица и дизајн: Зоран Николовски
  • Печати:“Гутенберг”
  • Тираж: 500 примероци
  • Финансирано од Министерството за Култура на РМ
  • ЦИП- Каталогизација во публикација
  • Матична и универзитетска библиотека“Св. Климент Охридски”, Битола / Н. Миновски, В.Темелковски СЕЛОТО БРНИК БЕЗ БРНИЧАНИ / ISBN: 9989-242-1-0

Брник се наоѓа на четиринаесетина километри источно од Битола, сместено во источните ограноци на Селешка Планина. До селото се стигнува по патот за село Новаци, преку селата Маково и Рапеш. Десно од тој пат по стрмна кривулеста шумска патека и по околу изминати четири километри.Оддалеченоста од сообраќајните комуникации и скриеноста во планински предел имале пресуден одраз во историскиот развиток на селото, така што и историографските податоци се оскудни. Вода за пиење добиваа од една единствена чешма градена 1924-та година и два-три кладенци кои во сушните периоди пресушуваат, нема струја, пат-патеки или некоја градба што би наликувала на денешните посовремени куќи. Таму се добива впечаток како да е средновековие, како да застанало времето на историјата.Меѓутоа, селото Брник има и свои убавини: здрава и еколошка и чиста околина, планински чист воздух, пространи тревнати пасишта (за жал целосно неискористени), дабова шума со разновидни шумски плодови, печурки и погодни услови за лов на диви животни.Брничката Река е чиста и еколошки незагадена, а живописната долина го надополнува пејсажот со Брничкиот водопад, реткост во овие краишта. Неговата убавина и атрактивност е и во тоа што се наоѓа во мошне живописна околина во кањонот на Брничка Река. Водата на водопадот слободно паѓа од 18 метри височина и целокупниот амбиент на мир и спокојство го надополнува романтичното доживување при престојот во Брник.

Селото Брник

Брник се наоѓа на четиринаесетина километри источно од Битола, сместено во источните ограноци на Селешка Планина.

До селото се стигнува по патот за село Новаци, преку селата Маково и Рапеш. Десно од тој пат по стрмна кривулеста шумска патека и по околу изминати четири километри.

Оддалеченоста од сообраќајните комуникации и скриеноста во планински предел имале пресуден одраз во историскиот развиток на селото, така што и историографските податоци се оскудни.

01

Вода за пиење добиваа од една единствена чешма градена 1924-та година и два-три кладенци кои во сушните периоди пресушуваат, нема струја, пат-патеки или некоја градба што би наликувала на денешните посовремени куќи.

Таму се добива впечаток како да е средновековие, како да застанало времето на историјата.

Меѓутоа, селото Брник има и свои убавини: здрава и еколошка и чиста околина, планински чист воздух, пространи тревнати пасишта (за жал целосно неискористени), дабова шума со разновидни шумски плодови, печурки и погодни услови за лов на диви животни.

Брничката Река е чиста и еколошки незагадена, а живописната долина го надополнува пејсажот со Брничкиот водопад, реткост во овие краишта.

Неговата убавина и атрактивност е и во тоа што се наоѓа во мошне живописна околина во кањонот на Брничка Река.

Водата на водопадот слободно паѓа од 18 метри височина и целокупниот амбиент на мир и спокојство го надополнува романтичното доживување при престојот во Брник.

02

Водопадот на Брничка река

Во дамнешни времиња некој човек имал три сина кои своите стада овци и кози ги паселе на денешните локации на селата Маково, Рапеш и Брник. Едниот од нив ги пасел на денешната локација на Старо Маково, другиот на локација на село Рапеш, а третиот во денешното село Брник. Тој што подоцна се населил во местото кое потоа го нарекол Маково бил на голема мака – оттаму Маково; другиот што се населил понаисток бил Рајат-Раат, па подоцна од тоа и произлегло името Рапеш. Третиот брат кој имал многу кози со брни под брадата, па оттоа произлегло името Брник1. Оваа легенда ја раскажуваа постарите жители во сите три села уште во 1986 година. 1. Според кажувањето на Бино Стојановски Слика 2Водопадот на Брничка река Слика 3Изобилство на пасишта и ливади

ЛЕГЕНДА ЗА ИМЕТО НА С. БРНИК

Во дамнешни времиња некој човек имал три сина кои своите стада овци и кози ги паселе на денешните локации на селата Маково, Рапеш и Брник.

Едниот од нив ги пасел на денешната локација на Старо Маково, другиот на локација на село Рапеш, а третиот во денешното село Брник.

Тој што подоцна се населил во местото кое потоа го нарекол Маково бил на голема мака – оттаму Маково; другиот што се населил понаисток бил Рајат-Раат, па подоцна од тоа и произлегло името Рапеш.

Третиот брат кој имал многу кози со брни под брадата, па оттоа произлегло името Брник1.

Оваа легенда ја раскажуваа постарите жители во сите три села уште во 1986 година.

1. Според кажувањето на Бино Стојановски

03
Изобилство на пасишта и ливади

Селото Брник како населба го среќаваме во турските пописки дефтери од XVI век. Но, како што рековме, поради оддалеченоста од комуникациите, Брник за разлика од други села поретко се спомнува во турските документи и историската литература. Така, селото Брник во турскиот пописен дефтер од 1570 година го среќаваме како тимар (имот) кој му припаѓал на некој си спахија Оруч2.2.Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширни пописни дефтери, том 5 книга 3, Скопје 1982 година, стр. 469 Според истиот документ во таа година селото било должно да плати данок на споменатиот спахија и се наведуваат лицата кои требало да го платат данокот.Јано Богдан, Димитри Јано, Димко Богдан, Стале Ѓурко (неженет), Димитри Велко, Пејо Думко, Петко Поп (неженет), Данко Петко (неженет) и Гурко Стале (неженет). Слика 4Семејната куќа на фамилијата Марковски  Приходот од селото Брник за 1570 година изнесувал : -испанџе (паричен данок) 7 семејства износ 175 акчиња-испанџе од 6 неженети 150 акчиња-за пченица 18 товари 450 акчиња-мешано жито 20 товари 300 акчиња-уров 1/2 товар 15 акчиња-данок за градинарски култури 14 акчиња-данок за сено 70 акчиња-свадбарина, полјарник и тапија за земја 68 акчиња_________________________________________ Вкупно : 1242 акчиња Од наведениот документ може да се види: Како се именувале луѓето без денешното вообичаено презиме, какви имиња се употребувале и какви житни култури се одгледувале тогашно Брник.Во пописот од 1844 година на рајата од Прилепската каза во која припаѓало и селото Брник, се вели дека заради трговија се уште не се вратиле доста селани во своите места на живеење, заминувајќи во други кази и законското џизие (назив за редовен државен данок) го плаќале во местото каде што се наоѓаа. Така, од Брник, Јован Бошко 55 годишен, 11 месеци се наоѓа во Солун и неговиот 20 годишен син, Кочо Стојан 55 годишен три години е во селото Оптичари – Битолска каза заедно со неговиот 20 годишен син Марко3.3. Турски документи…….. од 19 век, Скопје 1998 година, стр. 159  Слика 5Семејните куќи на Нишалџиовци и Бачовци

КРАТКИ ИСТОРИСКИ ЗАПИСИ

Селото Брник како населба го среќаваме во турските пописки дефтери од XVI век.

Но, како што рековме, поради оддалеченоста од комуникациите, Брник за разлика од други села поретко се спомнува во турските документи и историската литература.

Така, селото Брник во турскиот пописен дефтер од 1570 година го среќаваме како тимар (имот) кој му припаѓал на некој си спахија Оруч2.

2.Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширни пописни дефтери, том 5 книга 3, Скопје 1982 година, стр. 469

Според истиот документ во таа година селото било должно да плати данок на споменатиот спахија и се наведуваат лицата кои требало да го платат данокот.

Јано Богдан, Димитри Јано, Димко Богдан, Стале Ѓурко (неженет), Димитри Велко, Пејо Думко, Петко Поп (неженет), Данко Петко (неженет) и Гурко Стале (неженет).

04

Семејната куќа на фамилијата Марковски

Приходот од селото Брник за 1570 година изнесувал :

-испанџе (паричен данок) 7 семејства износ 175 акчиња

-испанџе од 6 неженети 150 акчиња

-за пченица 18 товари 450 акчиња

-мешано жито 20 товари 300 акчиња

-уров 1/2 товар 15 акчиња

-данок за градинарски култури 14 акчиња

-данок за сено 70 акчиња

-свадбарина, полјарник и тапија за земја 68 акчиња

_________________________________________ Вкупно : 1242 акчиња

Од наведениот документ може да се види: Како се именувале луѓето без денешното вообичаено презиме, какви имиња се употребувале и какви житни култури се одгледувале тогашно Брник.

Во пописот од 1844 година на рајата од Прилепската каза во која припаѓало и селото Брник, се вели дека заради трговија се уште не се вратиле доста селани во своите места на живеење, заминувајќи во други кази и законското џизие (назив за редовен државен данок) го плаќале во местото каде што се наоѓаа.

Така, од Брник, Јован Бошко 55 годишен, 11 месеци се наоѓа во Солун и неговиот 20 годишен син, Кочо Стојан 55 годишен три години е во селото Оптичари – Битолска каза заедно со неговиот 20 годишен син Марко3.3. Турски документи…….. од 19 век, Скопје 1998 година, стр. 159
05
Семејните куќи на Нишалџиовци и Бачовци

Селото Брник како населба отсечено од сообраќајни комуникации, тешко проодниот планински терен како и оскудноста од обработливо земјиште не дозволувале да се развие во поголема населба. Така, според пописите и податоците од крајот наXIX век и од известувањата на повеќе автори се гледа дека селото Брник било мала селска населба. Според Јанаки Стрезов, во 1880 година, се бележи дека Брник имало 20 куќи со 87 жители. Стефан Верковиќ во 1889 година го регистрирал со 75 мажи и 83 жени, додека австроунгарскиот конзул Аугуст Крал во 1897 година го бележи со 25 куќи и 114 жители. Васил К’нчов во 1900 година Брник го забележал со 196 жители. За периодот од 1900 – 1950 не располагаме со релевантни податоци за движењето на бројот на населението во Брник. Со пописот од 1953 година во Брник регистрирани се 228 жители од кои 123 машки и 105 женски, а  писмени само 72 жители. Од пописот во 1961 година регистрирани се 215 жители, 117 мажи и 98 женски и 23 доселени-мажени во Брник. Во годините од 1961 до 1982 година има масовно иселување, претежно во Битола, Австралија и по блиските села околу Битола. При нашата посета на селото Брник во 1986 година, Бино Стојановски ме информира дека селото во тој момент има уште 17 жители од кои најмладиот жител беше 40-годишен. Во 2003 година останаа уште тројца жители, брачниот пар Спасе и Доста Марковски и Бино Стојановски. Таа година, на 18 април, се случи грозоморното убиство на Доста Марковска 65 годишна, од Давидовиќ Мартин од Кумановско. Во 2004 година Брник го напушти и последниот жител на селото 82 – годишниот Бино Стојановски. Со тоа згасна животот на оваа повеќевековна селска населба. Брник остана без брничани. Останаа голите камени ѕидови немо да сведочат за изминатите векови на селото и за идиличниот живот на брничани.  Слика 6Кита и Трајан Бошковски и Кита Куртова снимени 19454 г.   Слика 7Брничани на железничката станица во Битола во шеесетите години при исселувањето  Слика 8Спасе Марковски пред  семејната куќа во Брник

Население

Селото Брник како населба отсечено од сообраќајни комуникации, тешко проодниот планински терен како и оскудноста од обработливо земјиште не дозволувале да се развие во поголема населба.

Така, според пописите и податоците од крајот на XIX век и од известувањата на повеќе автори се гледа дека селото Брник било мала селска населба.

Според Јанаки Стрезов, во 1880 година, се бележи дека Брник имало 20 куќи со 87 жители.

Стефан Верковиќ во 1889 година го регистрирал со 75 мажи и 83 жени, додека австроунгарскиот конзул Аугуст Крал во 1897 година го бележи со 25 куќи и 114 жители. Васил К’нчов во 1900 година Брник го забележал со 196 жители.
За периодот од 1900 – 1950 не располагаме со релевантни податоци за движењето на бројот на населението во Брник.
Со пописот од 1953 година во Брник регистрирани се 228 жители од кои 123 машки и 105 женски, а  писмени само 72 жители.
Од пописот во 1961 година регистрирани се 215 жители, 117 мажи и 98 женски и 23 доселени-мажени во Брник.
Во годините од 1961 до 1982 година има масовно иселување, претежно во Битола, Австралија и по блиските села околу Битола.
При нашата посета на селото Брник во 1986 година, Бино Стојановски ме информира дека селото во тој момент има уште 17 жители од кои најмладиот жител беше 40-годишен.
Во 2003 година останаа уште тројца жители, брачниот пар Спасе и Доста Марковски и Бино Стојановски. Таа година, на 18 април, се случи грозоморното убиство на Доста Марковска 65 годишна, од Давидовиќ Мартин од Кумановско.
Во 2004 година Брник го напушти и последниот жител на селото 82 – годишниот Бино Стојановски. Со тоа згасна животот на оваа повеќевековна селска населба. Брник остана без брничани. Останаа голите камени ѕидови немо да сведочат за изминатите векови на селото и за идиличниот живот на брничани.

07
Брничани на железничката станица во Битола во шеесетите години при иселувањето

 

Брник во поилинденскиот период

Селото Брник и воопшто целиот Мариовски крај речиси не беа зафатени од Илинденското востание од 1903 година.

Меѓутоа, наскоро Мариовскиот крај ќе стане погоден терен за големо грчката вооружена пропаганда. Уште во есента 1904 година тука ја засили својата активност каде што грчкиот конзулат во Битола имаше свои луѓе и агенти во повеќе села, кои ги предаваа четите и луѓето на Организацијата.

Мариовско со својата вековна заостанатост и отсеченост од комуникации, со своите шуми и планини претставуваше главно гнездо на андартските чети со постојана база во селото Градешница. Оттука тие вршеа  напади по селата во Мариово и со нечуен терор, убиства, измачувања и палежи го присилуваа населението да се декларира како Грци и да ја прифатат јуриздикцијата на Грчката патријаршија4.

4. Ѓ.Димовски – Цолев , Ѓ.Грамосли, Статистички податоци за Битола и битолско во ЏИЏ век, Прилози бр.9, Битола 1983

Така, летото и есента 1905 година андартските банди нападнаа и опустошија повеќе села во Мариовско. Во селото Брник заклаа 5 селани, изгореа неколку куќи и уништија се што најдоа во црквата5.

5. За колежот во Брник поопширно види во написот за Трајко Крало.

Во 1906 година вооружените грчки банди се намножија уште повеќе и фатија свои бази и во други мариовски села. Исто така и домашните предавници кои стануваа се повеќе бројни уште повеќе ја влошија и онака тешката ситуација на македонското население. Во јануари истата година во селото Ивени грчките и андартските чети на критјаните Г. Скалидис и Е. Николудис извршија масовен колеж и заклаа 13 мажи, 3 жени и го изгореа селото.

Во селото Живово (денес не постои) во два наврати биле заклани 20 лица првиот пат, а 18 души во вториот пат додека 29 куќи биле запалени. Слични злодела и масакри андартците направија во селата Будимирци, Груништа, Зовиќи др.

Во врска со активноста и војводската популарност на Трајко Крало, селото Брник не било поштедено и од турските потери. Така во декември 1909 година иако тој не се наоѓал во Мариовскиот крај влегле во Брник 30-тина души аскер и двајца жандари кои собрале 18 души брничани, поблиски и подалечни роднини на Крало и ги доведоа во Битола6.

6. Види го приложениот документ.

09

09_01

Факсимил на писмото со кое го известуваат митрополитот Авксентиј  за затварањето на Брничани
Превод на приложениот документ

Пелагониска епархија

Архиерејско намесништво

Н0 536                                                До негово Високо Преосвештенство

во Светата Пелагониска Митрополија,

9 декември 1909 год. г.г. Авксентија во гр. Битола

Ваше Високо Преосвештенство

Вчера во 3 цасот по турски, два џандари и 30 души војници ги фатија во село Брник и ги одведоа во градот Битола следните три семејства роднини на забегнатиот бившбугарски војвода од истото село, Трајко Митрев Крало:

I семејство : Браќата Тодорче и Иван (веројатно Јован-б.м.) Стојанови, првиот 60 годишен, а вториот 55 годишен; двајцата синови на Иван: Петко 25 годишен и Митре 20 годишен и Тодорчевиот син Дафин 22 годишен, жените на браќата Тодор и Иван, Петра и Василка, тие на Петко и Дафин, Петра и Кала и пет годишното девојче на Стојана.

II семејство: Браќата Стојан и Атанас Стојови по 40 и 35 години возраст заедно со сопругите Неда и Грозда, Трндафила Иванова и девојчето на 11/2 година.

III семејство: Трајко и Атанас Стојанови, едниот на 35, а другиот на 28 години. Мајката на Трајко Крало била братучетка на Тодорче, а пак Стојан и Атанас биле братучеди на Тодорчета. Браќата од третото семејство биле втори или трети братучеди на Трајко.

Горното го изложивме на Вашето Високо Преосвештенство за доказ и натамошна наредба. Ви ја целувам Св. архиепископска десница и оставам на Вашето Високо Преосвештенство, покорно на Христа, чедо.

Архиеријски настојник,

Свештеник Михаил Смилков

Странично запишано:

“По кратко задржување во Битолскиот затвор доведените беа ослободени”. Ослободувањето веројатно беше изнудено по интервенцијата на митрополитот Авксентиј кај турските власти.

Трајко Крало (1874-5 – 1911)

Револуционерниот бран што ја зафати Македонија кон крајот на XIX и почетокот на XX век, не го одмина и Мариовскиот крај.

10Иако тој дел од Македонија поради конфигурацијата на земјиштето испресечен со планински ридски терени и природно отсечен од сообраќајните патни комуникации, Македонската револуционерна организација своите корени ги загнезди и во овој крај каде што се изродија и неколку легендарни војводи.

Меѓу нив е Трајко Митрев Кралев познат како Трајко Крало. Роден е во село Брник во 1874-5 година во многу сиромашно семејство. Неговите родители, татко му Митре и мајка му Неда имаа пет деца: Ристе, Тодорче, Трајко, Велика и Трпа7. Неговото детство не се разликуваше од детството на другите деца во селото, но како што растеше се повеќе во него се развиваше немирен и буен темперамент и физички стана силен и крупен со гордо крената глава “како крал” кој подоцна ќе прерасне во легендарен борец против турската тиранија и туѓите влијанија од верски политички и национален карактер.

7. Ѓорѓи Котевски, Трите битолски војводи, Битола 1991 година, стр. 92.

Неговата револуционерна дејност се забележува уште пред Илинденското востание. Трајко Крало со својата мала чета во која беше и неговиот син Најдо, Стојко од село Орле , Кузумчето од село Рапеш, Петко Граорката од село Старавина и др. ги обиколуваше селата во Мариово. Меѓутоа, излегувањето од анонимност на Трајко Крало ќе биде постигнато дури по Илинденското востание, како четник во четата на прилепскиот војвода Крсте Гермов Шакир. Во месец ноември 1904 година, по претходно предавство во селото Зовиќ, четата на Шакир во која се наоѓаше и Крало, беше сардисана од турскиот аскер. Откако дадоа неколку жртви  востаниците успеаја да се спасат. Наскоро потоа и предавниците платија со својот живот. Некои од нив сам ги ликвидира Трајко Крало. За неговата храброст во таа битка со Турците како и за други негови подвизи и заслуги Револуционерната организација го постави за реонски војвода.

Новопоставениот реонски војвода Трајко Крало се најде исправен пред повеќе непријатели. Покрај турската власт која постојано ја гонеше неговата чета за да ја уништи тој се соочи и со борбата против андартските чети и намножените домашни предавници8.

8. Ристо Поплазаров, Грчката политика спрема Македонија во втора половина на 19 и почеток на 20 век, Скопје, 1973 година, стр. 152

Главна задача на андартите беше да ја уништат четата на Трајко Крало со цел полесно да го спроведуваат и наметнат грчкото влијание во Мариовскиот крај. Во мај 1905 година, и овој пат со предавство, кога Кралот со четата се наоѓаше во село Зовиќ, селото беше сардисано од андартечките банди и турската војска со цел да ја уништат неговата чета. Крало со четникот Кузумчето од селото Рапеш одвај спасија глава, а другите двајца од четата беа убиени. Разбеснети од неуспехот да го убијат Кралот андартите над неговото семејство извршија невидени варварски ѕверства. Ја зедоа неговата мајка Неда, таткото Митре, браќата Ристе и Тодорче, сестрите Велика и Трпа и неговата жена Јова. Ѕверски веднаш ги ликвидирале Неда, Митре и Јова, а врз Ристе применија морбиден метод на мачење. Го врзаа и пред очите на неговите сестри го сечеа дел по дел и го дереа9.

9. Ѓорѓи Котевски, Трите битолски војводи, Битола 1991 година, стр. 101

Од ужасната глетка неговата сестра Велика доживеа нервен шок и веднаш умре. Оваа семејна трагедија кај Трајко Крало ќе остави доживотни болни траги и ќе созададе неизмерен јад, горчина и омраза. Се покажа дека андартските банди се поголемо зло од самата турска тиранија бидејќи ги надминуваа во крвавите и вандалски злодела. И покрај неизмерната болка што ја носеше во душата Крало не изгубил дух и храброст и со уште поголема жештина го прифати предизвикот на андартите, Турците и домашните предавници. Есента истатата година андартите повторно влегоа во Брник со цел да ги докрајчат и останатите членови од семејството на Крало во кое настрада и другиот брат Тодорче. По овој последен крвав настан останаа живи сестра му Трпа, синот Митре (по името на дедо му).

Реонските војводи немаа друг избор освен да го прифатат предизвикот и да делуваат заеднички против намножените андартски банди и домашните предавници. Така, војводската тројка Димче Могилчето, Јон Димов – Пашата и Трајко Крало заеднички ја превзедоа акцијата за ликвидирање на злогласниот “бабаитин”, Шефкија-ага, кој економски го зароби селото Могила и страшно ги тероризираше могилчани.

Убиството беше извршено во јуни 1905 година кое доби голем публицитет, но и стрес и растревоженост кај Турците, бидејќи дотогаш се велеше дека “Шефкија куршум не го дупи”. Покасно овој настан е опеан во повеќе народни песни. Во летото 1906 година со една андартска чета во село Петалино се судрија четите на Трајко Крало и прилепскиот војвода Крсте Гермов – Шакир, во која борба андартите речиси  целосно биле разбиени. Судирите со андартските чети беа чести и погубни. Друг еден крвав судир се случи во село Ивени 1907 година, во кој учествуваа четите на Димче Сарванов – Могилчето, Трајко Крало и Лука Геров. Во оваа битка загинаа триесеттина четници, Могилчето беше тешко ранет, а Трајко Крало не беше повреден. Свој придонес на страната на андартите имаше и турскиот аскер10.

10. Исто, стр. 102

Случајот во селото Ивени беше поврзан со ромите-чергари кои престојуваа кај Чебрен на реката Црна. Тие всушност беа директните поткажувачи на турскиот аскер. Крало дознавајќи дека тие се директните виновници  без грижа на совеста ги фрлил во реката Црна11.

11. Исто, стр. 102

Растргнат меѓу обврската на реонски војвода, личната трагедија на неговото семејство, психолошките трауми во неговата душа и набојот на силен гнев што се создаде кај него, уште посилно ќе дојде до израз неговата храброст и жештина во борбените акции и ликвидирањето на се што е беше нездраво и  антинародно во својот реон и пошироко.

Полската војводска тројка: Димче Сарванов – Могилчето, Јон Димов – Пашата и Трајко Крало на кои им беа доверени по 15-тина села на секого за да се грижат за нивната безбедност се најдоа во мошне сложена ситација. Тие беа приморани да се борат со бројните турски потери, најчесто предизвикани од предавства, со андартските грчки банди кои масовно ги напаѓаа селата со колежи на невини луѓе, палење на селата и најсурови тортури и измачување за да ги принудат да се определат да ја прифатат грчката Патријаршија, да се декларираат како Грци како и со намножените и многу опасните домашни предавници.

Токму затоа, за да се справат со сите овие зла, се наложи потребата почесто да делуваат заеднички во уништување на непријателските сили.

По неколкуте заеднички успешни акции и борби, со голема брзина се менуваат состојбите на теренот. При една повреда на грлото во јули 1907 год. Јон Пашата умира, а Димче Могилчето на 4 јануари 1908 год. се задуши во скривницата во селото Ношпал, Прилепско.

На осамениот Трајко Крало по Хуриетските настани и семејната трагедија, Окружниот комитет во Битола му препорачува да се засолни во Бугарија, каде беше и неговиот единствен преживеан син Митре. Но и таа искра на надеж за Кралот згаснала кога Митре се разболе од менингитис и наскоро умре. Кога разбра за болеста на својот син Трајко Кралот тргна за Бугарија за да го види па макар и за последен пат.

Желбата не му се исполни. Во селото Симитлија – Горноџумајско, Трајко Крало патувајќи заедно со еден четник  патем се удрил од непознати причини со група Турци – пеливани, кога Крало беше убиен, а четникот што го придружуваше успеа со бегство да се спаси12.

12. Алексо Стефанов, Револуционата дејност во Демирхисар (Битолско), Спомени, Софија 1931 година, стр. 93

Трајко Крало, овој последен член од прославената тројка од Битолско, беше погребан во Пехчево 1911 година. Легендата за неговите подвизи трајно се врежа во свеста на луѓето од Мариовскиот крај.

11

Рушевините од куќата на војводата Трајко Крало во с. Брник

12

Дел од селските гробишта во с. Брник

Трите војводи – народна песна

Абер ми дојде од Стамбол дур’ Битола,

дури Битола, дури кај валијата:

“Дегиди, бре валијо, нашефендијо,

голем поплак има од Битолско Поле,

од Битолско Поле, од млади беглери,

голем зулум им чинат тие кумити.

Слушај ти, бре валио, мувлет ти давам,

мувлет ти давам тебе за десет дена,

ти да ми барашјунак, да ги фаќа:

Димко Могилчето, Јован Логорчето

и тој Трајко од Брник – Мариовчето!

Тој што ќе ги фати, бакшишќе му дадам”.

Ами бог да убие тој валијата,

телал тој ми носи низ града Битола:

“Чујте вие Турци, Турци и рисјани!

Дали има јунак Димка да го фати,

Димко Могилчето, Јован Логорчето

и Трајко од Брник – Мариовчето?”

Ал да ми го најде тој Шефки агата,

од далеку дочу, во Битола дојде.

“Де гиди валио, јас аскер ти неќам,

само си ги сакам два верни другари”.

Од тука ми стана, на коњ ми се качи,

та што ми отиде при стара му мајка,

на мајка и кажвит: “Слушај стара мајко,

царот ќе ме тури цар на Македонија,

ако му го фатам Димка Могилчето,

Јован Логорчето и Трајко од Брник – Мариовчето”.

13

Димче Могилчето

14

За време на Првата светска војна

За време на Првата светска војна Мариовскиот крај претставуваше едно од главните средишта на воените дејствија на силите на Антантата и Централните сили или поконкретно тука се водеа жестоките борби меѓу бугарската и српската армија и нивните сојузници.

Во доменот на фронтовските позиции спаѓаше и селото Брник. Тука, во годините 1916-1918 година, се водеа жестоки позициони борби.

Поради постојаното бомбардирање и секојдневните борби во непосредната околина на Брник и Груништа, Зовиќи други села, поради безбедност и бегајќи за да се спасат, брничани го напуштаа селото и се прибираа во селата каде што беа побезбедни и немаше борби. По поразот на бугарските војски и нивните сојузници настапи повлекување и распад на фронтовските упоришта така што  во втората половина на 1918 година, брничани повторно се вратија во своите домови но голем дел беа разурнати. И денес во тие села по куќите и околината можат да се најдат најразлични предмети од војната: делови од разновидно оружје, муниција, делови од топови и приколки, топовски чаури, делови од коњска и запрежна опрема, бајонети, коњски плочи, шлемови и многу други предмети потребни за војската.

По враќањето од привремениот престој во другите села, брничани веднаш отпочнаа со градењето на нови или обновување на старите куќи. Куќите во Брник се градени од камен и кал и покриени со камени плочи. Типот на куќите е едноставен, без некакви стилски карактеристики и скоро сите се слични. Единствено се разликуваат по висината и ги има само како куќи на приземје и кат и по некоја двоспратна куќа.

Брник во НОВ и по слободувањето

Во текот на септември 1944 година од Брник беа мобилизирани во редовите на партизанските единици околу 20 младинци, меѓу кои Петко Видан Бошковски.

Бошковски кој како борец на 14 Македонска бригада загина во пролетта 1945 година во одбраната на Винковци (Р. Хрватска) и Христо Н. Стојановски кој како последица од војната се разболе и умре во Осијек. Останатите борци-брничани се вратија здрави и живи во своето село. Подоцна во 1950 година, во чест на загинатиот Петко Бошковски, селската работна задруга го зеде неговото име.

Во 1945 година во селото е формиран Месен народноослободителен одбор, за прв преседател беше избран Стојко Круме Стојковски, а за секретар Вангел У. Трпчевски. Во 1947 година, со колективизацијата по селата, 41 семејство од Брник влегоа во колективот. (Види факсимил)

18_01

Список на првиот месен НО одбор

18_02

Дел од списокот од извршената колективизација во 1947 год.

Селската работна задруга не заживеа во вистинска смисла од повеќе причини: времетраењето на задружното живеење беше многу кратко (1951-1955), не беше изграден ни еден заеднички (задружен) објект за живата стока или општински (селски) објект. Стоката, овците, говедата, добитокот, брничани ги чуваа по своите пондили. Само на список се водеа како задружни. Во 1955 година излезе Законот за растурање на селските задруги и со тоа престана да постои и задругата “Петко Бошковски” во село Брник. Селото и натаму остана отсечено со комуникација и кон крајот на 50-тите и 60-тите години од минатиот век започна процесот на мигрирање село-град и емигрирање во Австралија. Со тоа започна брзо да се гледа почетокот на крајот на постоењето на селото Брник.

19

Гајдаџијата Митре Баловски  на една селска веселба

20

Трајан Бошковски со своето стадо снимен 1955 година

Црквата во Брник е посветена на Свети Димитрија кој се празнува на 8 ноември. Изградена е 1887 година што е забележано над влезната врата. Габаритот на црквата опфаќа околу 12х7 метра и висина околу 5-6 метра. Под годината на градбата во полукруг околу ликот на светецот Свети Димитрија има уште еден колоритен напис. Од она што може да се прочита стои: Митре Трпковиќ со синовите Трпко и Ристе иконописец, Косто Никлиќ из Лазаропоља 1927 година.

21

Селската црква Св. Димитрија

22

Иконостасот од црква Св. Димитрија

Денешните брничани не паметат да имале свој брнички поп. Меѓутоа последен кој служел во селото бил поп Веле од село Црничани. Инаку црквата е добро сочувана која вредните брничани ја реновираа во 2002 година. Поради немање кому да служи ставен е катанец за век и веков, освен за сеуште живите таму родени брничани кои повремено навраќаат, понесени од носталгијата за родното огниште.

Школата – градена е 1952/53 година и се викаше “Петар Делјан”, а пред нејзината изградба наставата се одвиваше во приватна куќа која одамна не постои. Денешните постари брничани се сеќаваат на учителите кои предаваа во нивното село: Коста Дардибаков – Бугарин по потекло во годините до 1947 година, а потоа Саво Ковачевски, Раде Љутовски, Милица Колева, Атанас од с. Цапари, Љубе Ѕинговски и како последен учител кога и училиштето било затворено беше Ванчо Соклевски. Бројот на ученици се движеше од 25-30, од прво до четврто одделение. Денес во тој објект живее последниот жител на селото Брник, Бино Стојановски.

23

Некогашното училиште Петар Дељан во Брник изградено во педесетите години

Чешма – единствената чешма е градена 1924 година и брничани ја викаат Светонеделска Вода.

24

Чешмата – “Светонеделска вода”

25

Ученици од Брник снимени во седумдесетите години
 

26

Ученици од Брник снимени пред училиштето во с. Маково

Топоними во синорот на с. Брник

Џумба                                     јужно од селото

Горна Круша                          југозападно од Брдо

Гола Чука                                           јужно

Каменлива Чука                                 северозапад

Тумба                                                  северно од селото

Корито или Круши                северно од селото (овде има наоди од         римскиот период)

Чалиите          јужно од селото (водопади на брничка река Долна Крушка)

Лова                југозападно – највисоко место

Трнката                                               источно од селото

Белутрака                                           источно

Острига                                               источно

Прданови Огништа                            источно

Казарникот                                         источно

Минчоа ливада                                   источно

Долоа пештера                                   источно

Габерот Меригас                                јужно, ракије

Пладновиштето                                  надолу од селото

Белата ораница

Митина стена

Пчелата

Дамаргач

Црвена стена

Рошје                                                  правец на Рапеш

Крсто

Канѕурка                                             јужно

Лозјата, Крушите, Шумаро, Лозјиште, Димод, Ораница, Тумбата, Превати камен, Стреша, Куровец

Кон запад, Борќоец, Паприте, Говедарникот, Мангоа ливада, Плуго према Ивени Вртешките.

Литература

1.         Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширни пописни дефтери од 16 век том 5, книга 3, Скопје 1982 година

2.         Турски документи за историјата на Македонија од 19 век, книга 3, Скпје 1998 година.

3.         Алексо Стефанов, Револуционата дејност во Демирхисар, Софија, 1931 година.

4.         Фонд. Пелагониска митроплоија, АМ, 491-7 18/70-71

5.         Ристо Поп Лазаров, Грчката политика спрема Македонија во втора половина на 19 и почетокот на 20 век, Скопје, 1973 година.

6.         Ѓорѓи Котевски, Трите битолски војводи, Битола, 1991 година

7.         Душко Константинов, Летопис на народната револуција во битолско (1941-1945) Битола, 1971 година.

8.         Теренски истражувања на Никола Миновски и Владо Темелковски во 2004 година.

9.         Информатори:Бино Стојановски, 82 години и Никола Николовски, 67 години.

Booking.com